Мисија на ОБСЕ во Скопје
Млади

"Играме заедно: Одбележување на Меѓународниот ден на децата во Скопје" (ОБСЕ) (OSCE) Photo details
Преку ангажман со младинските совети во неколку општини, за развој на нивните капацитети за учество во локалната политика, Мисијата работи на реалните потреби и приоритети на младите луѓе.
За таа цел Мисијата работи со клучните национални и локални фактори, како што е Агенцијата за млади и спорт, и поддржува мултинационални иницијативи како што е Регионалната канцеларија за младинска соработка на Западен Балкан. Мисијата обединува млади политичари од различна политичка провиниенција за обука и размена на мислења на теми поврзани со изборите. Преку ангажирање на младите активисти во борба против говорот на омраза и кривичните дела од омраза, Мисијата работи кон решавање на една од најзагрижувачките современи појави: радикализацијата на младите.