Мисија на ОБСЕ во Скопје
Медиумски слобода и развој
Во 2017 година, Мисијата повторно се вклучи во поддршката на развојот на медиумите во земјата со осмислување и имплементирање на проекти кои се однесуваат на безбедноста на новинарите. Други области на фокус вклучуваат поддршка на одржливоста на медиумите, како и промовирање на медиумска писменост и професионализам. Во координација со Канцеларијата на Претставникот за слобода на медиумите на ОБСЕ, Мисијата ги набљудува реформите во медиумите, ги следи случаите на загрозување на слободата на медиумите, дава препораки и ја поддржува имплементацијата на политиките за да се осигури дека најдобрите меѓународни стандарди и заложбите на ОБСЕ се заштитени.