Каде се наоѓаме
Мисијата на ОБСЕ во Скопје
Клучни приоритети на Мисијата се да ги подобрува конструктивните меѓуетнички односи и да го поддржува и во иднина спроведувањето на Охридскиот рамковен договор од 2001 година и неговите основни постулати: анти-дискриминација, образование, децентрализација, правична застапеност, помалите заедници и употребата на јазиците. Мисијата работи со институциите за спроведување на реформите во областа на изборите, демократското полициско работење, локалното владеење и судството. Мисијата мониторира и спроведува редовни посети на локалните заедници и одржува комуникациска мрежа со политичките претставници, членовите на граѓанското општество, верските лидери и полицијата.