Вести
News and press releases
Вести и соопштенија за јавноста од глобалните активности на ОБСЕ
Предвремените парламентарни избори во Северна Македонија беа добро организирани и покрај пандемијата, но правната несигурност останува грижа, велат меѓународните набљудувачи
Publishing date: 16 јули 2020
Content type: Соопштенија за јавноста
Where we are: OSCE Office for Democratic Institutions and Human Rights
What we do: Избори
Скопје, 16.07.2020 – Предвремените парламентарни избори во Северна Македонија беа генерално добро спроведени и кандидатите можеа слободно да водат изборна кампања, но правната сигурност беше поткопана поради значајни промени на законската рамка и последователните владини уредби со законска сила, велат набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР во денешната изјава.
Набљудувачите на предвремените парламентарни избори во Северна Македонија ќе одржат прес конференција во четврток
Publishing date: 14 јули 2020
Content type: Соопштенија за јавноста
Where we are: OSCE Office for Democratic Institutions and Human Rights
What we do: Избори
Скопје, 14 јули 2020 – Набљудувачите од ОБСЕ канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР) ќе одржат прес конференција на која ќе бидат соопштени првичните заклучоци од предвремените парламентари избори во Северна Македонија.
Мисијата на ОБСЕ во Скопје објави вонреден повик за предлог проекти на граѓански организации и фондации
Publishing date: 22 мај 2020
Content type: Соопштенија за јавноста
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
22 мај, 2020, Скопје – Денес, Мисијата на ОБСЕ во Скопје објави вонреден повик за предлог проекти на граѓански организации, асоцијации и фондации. Целта на овој повик е да ги адресира потребите на најранливите и запоставените заедници во земјата, во областите од мандатот на Мисијата за време на кризата со ковид-19.
Мисијата на ОБСЕ во Скопје и нејзините партнери повикуваат на проактивен пристап за превенција од семејното насилство
Publishing date: 6 април 2020
Content type: Соопштенија за јавноста
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Човекови права, Родова еднаквост, Владеење на правото
Скопје, 6 април 2020 – Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Министерството за труд и социјална политика на Северна Македонија и Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство ги повикуваат релевантните актери да вложат дополнителни напори за превенција од семејното насилство за време на ковид-19 кризата и да применат ефективни механизми за заштита на жртвите.
Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Министерството за внатрешни работи и Советот за етика во медиумите повикуваат да нема говор на омраза во медиумите, особено во предизборниот период
Publishing date: 5 февруари 2020
Content type: Соопштенија за јавноста
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Слобода и развој на медиуми
СКОПЈЕ, 5 февруари 2020 година- На прес-конференцијата денес во Скопје, Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Министерството за внатрешни работи и Советот за етика во медиумите, повикаа на свесност за спречување на говорот на омраза во медиумите, особено во предизборниот период.
Крај за молкот: Кампања на ОБСЕ во рамките на 16 денови активизам против родово базирано насилство 2019
Publishing date: 25 ноември 2019
Content type: News
Where we are: OSCE Secretariat, Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Родова еднаквост
СКОПЈЕ, 25 ноември 2019 – Како придонес кон годинешните „16 Денови активизам против родово базираното насилство“, Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) започнува со нова кампања насловена „Крај за молкот“. Кампањата цели кон подигнување на свеста за насилството кон жените, со фокус на правата на жените. Темата „Крај за молкот“ ја потенцира една од главните пречки во борбата против насилството врз жените, а тоа е дека многу жени сметаат дека домашното насилство е лична работа и многу малку жени жртви на насилство зборуваат за истото. Уште помалку, насилството го пријавуваат во институциите.
ОБСЕ ги презентира наодите од истражувањето за благосостојбата и безбедноста на жените во Северна Македонија
Publishing date: 15 мај 2019
Content type: News
Where we are: OSCE Secretariat, Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Родова еднаквост
Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Одделот за родова рамноправност на ОБСЕ на 15 мај 2019 година во Скопје презентираа истражување што покажува дека насилството врз жените во Северна Македонија честопати е недоволно пријавено и дека некои форми на физичко и сексуално насилство се широко распространети во земјата...