Ресурси
Гонење кривични дела од омраза на пресекот помеѓу кривични дела од омраза и криминализиран „говор на омраза“: Практичен водич
Овој водич претставува надополнување на постоечките упатства на ОДИХР за постапување по кривични дела од омраза преку: преглед на правните и концепциските разлики помеѓу кривичните дела од омраза и криминализираниот „говор на омраза“; преглед на последиците од погрешната примена на одредбите за „говор на омраза“ во гонењето кривични дела од омраза, притоа обезбедувајќи практични насоки како да се избегне тоа; и препораки за подобрување на праксата на национално ниво. Во оваа публикација не се даваат насоки за постапување во поединечни предмети со каква било форма на криминализиран „говор на омраза“, ниту пак се сугерира кои форми на однесување треба да се криминализираат.
Водичот ја содржи алатката ‘стебло на одлуки за обвинителот’, која покажува како треба да се применуваат одредбите за кривични дела од омраза и како тие се разликуваат од криминализираниот ‘говор на омраза‘; исто така, прикажува и други релевантни кривични дела на пресекот помеѓу кривични дела од омраза и криминализираниот ‘говор на омраза‘.
Ставовите, мислењата, заклучоците и останатите информации изразени во овој документ, не мора да го изразуваат ставот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), освен доколку не е експлицитно наведено дека ОБСЕ е автор на документот.