Водич за управување со судир на интереси, ограничувања и забрани во единиците на локалната самоуправа

Овој Прирачник е изработен од Мисијата на ОБСЕ во Скопје со цел да се поддржи спроведувањето на политиката за интегритет во единиците на локалната самоуправа, особено заштитата на јавниот интерес и спречувањето и управувањето со судир на интереси како елемент на системот на интегритет на локалната самоуправа. Согласно член 72 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, во случај на сомневање за постоење на судир на интереси, службеното лице е должно да побара мислење од Државната комисија за спречување на корупцијата. Затоа, Прирачникот користи примери од праксата, прикажувајќи дел од мислењата што ги дала ДКСК врз основа на барања поднесени од страна на службени лица од ЕЛС во периодот од 2019 до јуни 2024 година. Тој содржи стандарди, начела и правила за спречување и управување со судир на интереси, како и правната регулатива во оваа област во Република Северна Македонија. Веруваме дека овој Прирачник ќе послужи како практична алатка за зајакнување на интегритетот на локално ниво, помагајќи им на службените лица да донесуваат информирани, доследни и законити одлуки во ситуации кога постои можност за судир на интереси.
Ставовите, мислењата, заклучоците и останатите информации изразени во овој документ, не мора да го изразуваат ставот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), освен доколку не е експлицитно наведено дека ОБСЕ е автор на документот.