Publications
Родот, различностите и правдата: Преглед и препораки
Publishing date: 23 мај 2019
Content type: Водич / Прирачник
Where we are: OSCE Office for Democratic Institutions and Human Rights
What we do: Демократизација, Родова еднаквост, Владеење на правото
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Овој документ содржи анализа и препораки за создавање поинклузивен правосуден систем, и истите се засноваат на резултатите од студијата за процена на потребите спроведена од страна на ОДИХР во 2017 година Истражувањето, кое вклучуваше анализа на постојните документи и собирање теренски податоци, беше структурирано околу две посебни, но меѓусебно поврзани теми: a) аспектите на родот и различностите меѓу факторите во правосудниот систем во однос на вработувањата и изборот на работна сила и рамноправноста на работното место; и б) ефектите од родот и различностите меѓу факторите во правосудниот систем врз правичноста на исходите, според перцепцијата на крајните корисници на правосудниот систем.
Разбирање на механизмите за упатување во процесот на спречување и спротивставување на насилен екстремизам и радикализација кои водат кон тероризам: Водич за Југоисточна Европа
Publishing date: 26 април 2019
Content type: Водич / Прирачник
Where we are: OSCE Secretariat
What we do: Countering terrorism
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Овој водич беше напишан за да помогне во поддршката на креаторите на политиките и практичарите кои сакаат да развијат програми за интервенции за спречување на НЕРВТ. Исто така, се фокусира на некои од факторите специфични за регионот кои треба да се земат предвид кога се развиваат механизми за упатување во Југоисточна Европа, потпирајќи се на консултации со клучните засегнати страни од регионот. Овој водич е еден во серијата прирачници издадени од Единицата за акција против тероризам (ЕАТ) од Одделот за транснационални закани на Секретаријатот на ОБСЕ. Ставовите, мислењата, заклучоците и другите информации изразени во овој документ не се дадени ниту пак неопходно одобрени од Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), освен ако ОБСЕ не е експлицитно дефиниран како автор на овој документ.
Прирачник за промовирање на принципите на демократско управување во советите на единиците на локална самоуправа
Publishing date: 4 март 2019
Content type: Водич / Прирачник
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Демократизација, Добро владеење
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Прирачникот е наменет за промоција и имплементација на принципите на демократско управување во рамките на општинските совети во Северна Македонија. Тој е наменет да промовира концепти на инклузивност, ефикасност, транспарентност и отвореност во работењето на советите на општините.
Анализа на политичкото учество на лицата со попреченост
Publishing date: 29 јануари 2019
Content type: Извештај
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Избори
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Во рамките на портфолиото за Анти-дискриминација, Мисијата на ОБСЕ во Скопје ја изработи Анализата за политичко учество на лицата со попреченост. Анализата го истражува директното влијание на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост (КПЛП) и постојните уставни и законски одредби врз политичкото учество на лицата со попреченост во државата, анализа на состојбите, а исто така дава и предлози и препораки за понатамошна дискусија и преглед од страна на политичката и академската заедница, како и заедницата на лица со попреченост.
Прирачник за безбедност на новинарите за време на настани со висок ризик
Publishing date: 13 ноември 2018
Content type: Водич / Прирачник
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Слобода и развој на медиуми
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Прирачникот има за цел да го премости јазот помеѓу новинарите и властите. Во него има препораки за зголемување на безбедноста на новинарите и информации за најдобрите практики на институциите. Исто така дава препораки за полицијата, јавните обвинители и новинарите кои покриваат настани од критичен карактер.
Прирачник за безбедност на новинарите за време на настани со висок ризик
Publishing date: 8 ноември 2018
Content type: Водич / Прирачник
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Слобода и развој на медиуми
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Прирачникот има за цел да го премости јазот помеѓу новинарите и надлежните. Во него се вклучени препораки за зајакнување на безбедноста на новинарите, најдобрите практики од институциите, како и препораки за полицијата, јавните обвинители и новинарите кои известуваат од настани со висок ризик.
Годишен билтен за анти-дискриминација 2017
Publishing date: 25 јули 2018
Content type: Брошура
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Владеење на правото, Толеранција и недискриминација
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Билтенот е составен од сумирани информации од првостепените судови во однос на случаите на дискриминација и од годишните извештаи на Комисијата за заштита од дискриминација и на Народниот правобранител за 2017. Истиот овозможува податоци за случаите на дискриминација и активностите на државата и граѓанските организации на полето на превенција и заштита од дискриминација, како и препораки до институциите за подобрување на тековната состојба.
Човекови права
Publishing date: 27 јуни 2018
Content type: Книга
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Човекови права, Владеење на правото
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Оваа публикација се однесува на граѓанските и политичките права, вклучително и правото на живот и забрана на мачење, право на фер судење, право на еднаквост и забрана на дискриминација, право на слобода на мислење, совест и вера, право на слобода на изразување и право на слобода на собирање и здружување. Целта на публикацијата е да обезбеди помош на правните практичари, судството и научните работници во имплементацијата на овие човекови права и основни слободи и да им овозможи практични алатки за идентификација на повредите на човековите права.
Поддршка на изборите во Западен Балкан
Publishing date: 7 јуни 2018
Content type: Факти за Мисијата
Where we are: OSCE Office for Democratic Institutions and Human Rights
What we do: Избори
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
In June 2017, ODIHR started a new project to support the follow-up of electoral recommendations in the Western Balkans. This three-year project supports election-management bodies and related institutions in the region in their efforts to follow up on election observation recommendations in areas related to election management, voter registration and the conduct of the media during election campaigns.
Подобрување на квалитетот на јавниот сектор преку заедничката рамка за проценка (ЦАФ)
Publishing date: 26 февруари 2018
Content type: Водич / Прирачник
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Добро владеење
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Целта на публикацијата е да ја објасни примената на Заедничката рамка за проценка (ЦАФ) како европски инструмент за управување со квалитетот за јавниот сектор во земјата. Публикацијата нуди практични информации за структурата на моделот ЦАФ, придобивките од неговата примена и процесот на спроведување. Илјадници организации во многу земји го применуваат ЦАФ моделот и се докажа дека тој дава резултати, придонесувајќи за модерна, ефикасна и професионална јавна администрација.