Documents library
Извештај за ризиците од корупција во животната средина во Република Северна Македонија
Publishing date: 3 октомври 2022
Content type: Извештај
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Активности за животната средина
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Извештајот се фокусира на корупцијата поврзана со најзначајните еколошки проблеми во Северна Македонија, како што се нелегалната сеча, загадувањето на воздухот, концесиите за минерални суровини, концесиите за користење на водните ресурси итн. Нејзините наоди и заклучоци се предвидува да ги искористат националните тела за подигање на свеста кај релевантните чинители и повикување на акција за спречување и санкционирање на коруптивните дела во оваа област, придонесувајќи за намалување на директното негативно влијание на еколошката корупција врз безбедноста, здравјето, и квалитетот на животот на граѓаните.
Превенција на родово базирано насилство врз жени и девојки со попреченост- Истражувачки извештај
Publishing date: 2 март 2022
Content type: Извештај
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Истражувачкиот извештај обработува различни прашања кои укажуваат на состојбата со насилството врз жените и девојчињата со попреченост во земјата. Исто така, дава сеопфатен преглед на националната и меѓународната рамка за заштита на правата на жените и девојчињата со попреченост, како и одраз на нивната лична перцепција и искуство со насилство и дискриминација. Извештајот има за цел да ги прикаже проблемите со кои се соочуваат жените и девојчињата со попреченост и да понуди конкретни препораки како да се надминат.
Извештај за проценка на потребите според Архуската конвенција на ОН за управување во областа на животната средина
Publishing date: 1 март 2022
Content type: Извештај
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Активности за животната средина
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Извештајот за проценка дава преглед на состојбата со имплементацијата на Архуската конвенција во Северна Македонија. Извештајот дава кратка историска позадина за Конвенцијата и обврските поврзани со ОБСЕ. Главниот фокус е ставен на правната и институционалната рамка во земјата и што е најважно, областите на интервенција кои Мисијата на ОБСЕ во Скопје потенцијално може да ги спроведе во согласност со спецификите на нејзиниот мандат.
Промовирање на мултистејкхолдерски пристап во процесот на спречување и спротивставување на насилен екстремизам и радикализација кои водат кон тероризам
Publishing date: 14 октомври 2020
Content type: Извештај
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Countering terrorism
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Овој извештај е објавен како основа за поддршка на напорите во Северна Македонија за промовирање на пристап на повеќе чинители, за спречување и спротивставување на Насилен екстремизам и радикализација кои водат кон тероризам (НЕРВТ) во согласност со најдобрите практики во ОБСЕ. Извештајот ги презентира наодите од десетте дискусии на тркалезни маси, организирани од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, во партнерство со канцеларијата на Националниот координатор за Спречување на насилен екстремизам/ Борба против тероризам (СНЕ/БПТ) во врска со Националната стратегија за спречување на насилниот екстремизам, донесена во февруари 2018 година. Извештајот исто така ги потенцира добрите практики и дава препораки за пристап на повеќе чинители во С/СНЕРВТ.
Трет преоден и последен проектен извештај за активностите и предметите во надлежност на Специјалното јавно обвинителство (СЈО)
Publishing date: 6 мај 2020
Content type: Извештај
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Човекови права, Владеење на правото
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Специјалното јавно обвинителство (СЈО) беше основано од страна на Собранието на Република Северна Македонија во септември 2015, согласно со договорот за надминување на политичката криза којашто произлезе од скандалот со прислушувањето во 2015.
Анализа на податоците од набљудуваните судски постапки во предмети од семејно и родово базирано насилство во 2019 година
Publishing date: 9 јануари 2020
Content type: Извештај
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Владеење на правото
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Како дел од своите проектни активности за 2019 година, Мисијата на ОБСЕ во Скопје го поддржа набљудувањето на случаи на семејно насилство и родово базирано насилство пред основните судови во сите четири апелациони региони во земјата, спроведено од мрежата на 14 граѓански организации, Коалиција „Сите за правично судење“. Со идентификување на слабостите и предностите во судењата за семејно и родово базирано насилство, Анализата служи за да се утврди дали бранителите на законот применуваат процедурални заштитни мерки за живот и слобода, а воедно да генерира препораки кои ја поддржуваат законодавната реформа и упатува на недостатоците при промовирање на домашни и меѓународни стандарди за фер судење.
Анализа на податоците од набљудуваните судски постапки во 2018 година
Publishing date: 26 август 2019
Content type: Извештај
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Владеење на правото
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Во текот на 2018 година, со цел да се поддржи судската и реформата на кривичното право, Мисијата на ОБСЕ во Скопје поддржа мониторинг на судски кривични случаи пред надлежни судови во четирите апелациони региони во државата, кој што го спроведе граѓанската организација Коалиција „Сите за правично судење“, мрежа на 14 граѓански организации. Мониторингот на судските предмети цели кон зголемување на увидот на јавноста во правосудниот сектор преку јакнење на капацитетите за одржлив и систематски мониторинг на судски случаи од граѓански организации и резултираше со оваа анализа која што дава преглед на имплементацијата на Законот за кривична постапка. Анализата исто така дава препораки за идни интервенции и активности насочени кон подобрување на капацитетите на судскиот систем во државата кој за возврат треба да водат кон зголемување на јавната доверба во правосудниот систем.
Втор преоден извештај за активностите и предметите во надлежност на Специјалното јавно обвинителство
Publishing date: 11 јуни 2019
Content type: Извештај
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Владеење на правото
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Специјалното јавно обвинителство (СЈО) беше основано од страна на Собранието на Република Северна Македонија во септември 2015, согласно со договорот поддржан од ЕУ за надминување на политичката криза која што произлезе од скандалот со прислушувањето во 2015. Овој извештај е продолжение на првиот преоден извештај објавен во август 2018, којшто го покрива основањето на Специјалното јавно обвинителство и развојот на случаите од надлежност на СЈО до потврдувањето на обвиненијата. Вториот извештај произлегува од следењето на судските постапки од страна на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и покрива дваесет случаи за кои СЈО поднесе обвиненија во рамки на статутарниот рок до 30 јуни 2017.
Интервју со Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која
Publishing date: 15 октомври 2018
Content type: Интервју
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Во интервју за информативната агенција МИА, Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Клеменс Која, зборува за актуелната политичка ситуација и работата на Мисијата.
Прв преоден извештај за активностите и предметите во надлежност на Специјалното јавно обвинителство
Publishing date: 28 август 2018
Content type: Извештај
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Специјалното јавно обвинителство (СЈО) беше формирано од страна на Собранието, во септември 2015 г., согласно политичкиот договор постигнат со посредство на ЕУ, за надминување на политичката криза што произлезе по скандалот со прислушување во 2015 г. Овој извештај е резултат на следењето на судските постапки од страна на Мисијата на ОБСЕ во Скопје за случаите во надлежност на СЈО. Овој преоден извештај првенствено се однесува на 20-те случаи за кои СЈО подигна обвиненија, согласно законскиот рок. Извештајот содржи фактички преглед на обвиненијата во овие предмети и ги анализира релевантните случувања до потврдувањето и самото нивно потврдување, со посебен акцент на мерките на претпазливост и контроверзиите околу допуштеноста на прислушуваните разговори како докази. Извештајот содржи и информации во врска со четири предмети првично гонети од Јавното обвинителство (ЈО), а потоа преземени од СЈО, како и преглед на јавно достапни информации во врска со тековните истраги на СЈО.