Ресурси
Анализа на податоците од набљудуваните судски постапки во предмети од семејно и родово базирано насилство во 2019 година
Како дел од своите проектни активности за 2019 година, Мисијата на ОБСЕ во Скопје го поддржа набљудувањето на случаи на семејно насилство и родово базирано насилство пред основните судови во сите четири апелациони региони во земјата, спроведено од мрежата на 14 граѓански организации, Коалиција „Сите за правично судење“. Со идентификување на слабостите и предностите во судењата за семејно и родово базирано насилство, Анализата служи за да се утврди дали бранителите на законот применуваат процедурални заштитни мерки за живот и слобода, а воедно да генерира препораки кои ја поддржуваат законодавната реформа и упатува на недостатоците при промовирање на домашни и меѓународни стандарди за фер судење.
Ставовите, мислењата, заклучоците и останатите информации изразени во овој документ, не мора да го изразуваат ставот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), освен доколку не е експлицитно наведено дека ОБСЕ е автор на документот.