Вести
News and press releases
Вести и соопштенија за јавноста од глобалните активности на ОБСЕ
Подобрување на соработката помеѓу органите за спроведување на законот и Еврејската заедница во Северна Македонија во фокус на настанот организиран од Мисијата на ОБСЕ во Скопје и ОДИХР
Publishing date: 13 април 2022
Content type: News
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Човекови права, Толеранција и недискриминација
Мисијата на ОБСЕ во Скопје, заедно со Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права на ОБСЕ (ОДИХР) на 12 април 2022 организираа настан на кој присуствуваа претставници на органите за спроведување на законот и на судството заедно со претставници на Еврејската заедница во Северна Македонија.
Мисијата на ОБСЕ во Скопје промовира истражување за факторите на стрес кои влијаат врз полициските службенички на работа
Publishing date: 8 март 2022
Content type: News
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Родова еднаквост, Полициско работење
Денеска, на Меѓународниот ден на жената, заедно со Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија и алумни од менторската програма за жени во полиција поддржана од ОБСЕ, Мисијата на ОБСЕ во Скопје организираше дискусија за препознавање и надминување на симптомите на стрес кај жените во полицијата. Истражувањата покажуваат дека полициски службенички се соочуваат со уште поголем стрес од нивните машки колеги поради негативните јавни коментари од граѓаните, постојаната потреба да се докажуваат на работа и потребата да балансираат меѓу обврските како службенички, сопруги и мајки. Помагањето на службеничките да се справат со стресот поврзан со работата е од суштинско значење за да останат во професијата. „Заедно со Министерството за внатрешни работи, ние во Мисијата на ОБСЕ во Скопје работиме да ги поддржиме жените во полиција, да се погрижиме да напредуваат во нивните чинови, да останат во професијата и да придонесуваат за јавниот ред и безбедност. Верувам дека практиките за фер регрутирање, образовните понуди, вклучително и за тоа како да се справиме со стресот, солидните работни услови и дигитализацијата ќе помогнат да се активираат промените, да се привлечат и задржат повеќе жени во полицијата во која доминираат мажи“, рече Шефот на нашата Мисија, амбасадорот Клеменс Која, за време на дебатата. „Општеството оди напред само со еманципирани, економски силни и независни жени и девојки и ние ветуваме дека ќе продолжиме да работиме во оваа насока. Само така, преку заеднички напори и учество во соодветните процеси, ќе го зајакнеме општеството еднакво за сите“, додаде Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи на Северна Македонија. „Ние како прогресивна држава која се стреми кон родова еднаквост континуирано работиме на привлекување повеќе жени во полициската професија. За да постигнеме резултати, продолжуваме да ги елиминираме бариерите што ги спречуваат жените да се приклучат на агенциите за спроведување на законот. Резултатите се веќе видливи, а работата во оваа насока останува еден од врвните приоритети за нас“, заклучи Магдалена Несторовска, државна секретарка во Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија.
Вториот круг избори во Северна Македонија беше во натпреварувачки дух, но и понатаму имаше наводи за притисок врз гласачите, велат набљудувачите на ОДИХР
Publishing date: 1 ноември 2021
Content type: Соопштенија за јавноста
Where we are: OSCE Office for Democratic Institutions and Human Rights
What we do: Избори
Скопје, 1 ноември 2021 г. – Вториот круг локални избори во Северна Македонија беше во натпреварувачки дух, и изборната администрација вложи напори да одговори на некои процедурални недостатоци од првиот круг. Меѓутоа, негативната реторика и наводите за притисок врз гласачите и кандидатите продолжија да имаат негативно влијание на изборите, според денешната изјава на меѓународните набљудувачи од Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР).
Локалните избори во Северна Македонија беа конкурентни со почитување на основните слободи, но останува загриженоста околу правните недостатоци, велат меѓународните набљудувачи
Publishing date: 18 октомври 2021
Content type: Соопштенија за јавноста
Where we are: OSCE Office for Democratic Institutions and Human Rights
What we do: Избори
СКОПЈЕ, 18 октомври 2021 – На локалните избори во Северна Македонија кандидатите можеа слободно да водат кампања и основните слободи беа широко почитувани, но бројните празнини во законот и законските измени направени близу до денот на изборите ја поткопаа правната стабилност и најголемите парламентарни партии уживаат системски предности во распределбата на јавните ресурси за кампања, денес во изјава наведоа меѓународните набљудувачи од Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР)...
ОДИХР започнува набљудувачка мисија за избори во Северна Македонија
Publishing date: 7 септември 2021
Content type: Соопштенија за јавноста
Where we are: OSCE Office for Democratic Institutions and Human Rights
What we do: Избори
СКОПЈЕ, 7 септември 2020 г.- Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР) денеска започна набљудувачка мисија за избори (НМИ) за локалните избори во Северна Македонија на 17 октомври, по покана од државните власти.
ОБСЕ и делегацијата на ЕУ во Северна Македонија отпочнаа проект за мониторинг на судењата на случаи со корупција и организиран криминал
Publishing date: 28 јули 2021
Content type: Соопштенија за јавноста
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Владеење на правото
СКОПЈЕ, 28 јули 2021 - Мисијата на ОБСЕ во Скопје отпочна проект, финансиран од ЕУ, за поддршка на поефективно спроведување правда преку мониторинг на судења на случаи со корупција и организиран криминал во Северна Македонија. Овој тригодишен проект е дел од регионалната иницијатива спроведувана од страна на теренските операции на ОБСЕ во Тирана, Подгорица, Скопје, Сараево и Приштина.
Извештај од ОБСЕ и Аделфи: климатските промени и безбедноста нудат можности за соработка во Југоисточна Европа
Publishing date: 22 април 2021
Content type: Соопштенија за јавноста
Where we are: Office of the Co-ordinator of OSCE Economic and Environmental Activities, OSCE Secretary General
What we do: Climate change, Активности за животната средина
ВИЕНА, 22 април 2021 година- Климатските промени се мултипликатор на ризик и влијаат на економиите, животната средина и општествата во Југоисточна Европа на сложени начини, се вели во извештајот објавен денес од ОБСЕ и берлинскиот истражувачки и аналитички центар „Аделфи...