Ресурси
Анализа на податоците од набљудуваните судски постапки во 2016 година
Во текот на 2016 година, Мисијата на ОБСЕ во Скопје го спроведе проектот „Подобрување на независноста, транспарентноста и ефикасноста на судството преку набљудување на судски постапки“ заедно со Коалицијата „Сите за правично судење“, мрежа од 14 граѓански здруженија кои ги следат кривичните постапки пред надлежните судови во сите четири апелациони подрачја во земјата. Набљудувањето беше посебно насочено кон примената на новиот Закон за кривичната постапка во основните судови и резултираше со приложената анализа која, покрај обезбедувањето увид во спроведувањето на новиот Закон, исто така, нуди и препораки за идните активности и реформи во насока на зајакнување на капацитетите на судскиот систем во земјата, што, пак, ќе доведе до зголемување на довербата на јавноста во правниот систем.
Ставовите, мислењата, заклучоците и останатите информации изразени во овој документ, не мора да го изразуваат ставот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), освен доколку не е експлицитно наведено дека ОБСЕ е автор на документот.