Вести
Заедничка изјава на шефовите на мисијата на ЕУ, Канцеларијата за врски на НАТО, ОБСЕ и на САД во Скопје
14 февруари 2013
СКОПЈЕ, 14 февруари 2013 – Шефовите на мисиите на Европската Унија, Канцеларијата за врски на НАТО, ОБСЕ и на Соединетите Американски Држави ја објавија следнава изјава денес:
“Со зголемена загриженост ја следиме политичката состојба во земјава.
Потребни се итни мерки за надминување на политичките тензии кои уследија по настаните од 24 декември. Ги повикуваме сите страни максимално да го зајакнат политичкиот дијалог, да се фокусираат на стратешките приоритети на земјата и да ги стават на прво место најдобрите интереси на земјата и нејзините граѓани.”