Мисијата на ОБСЕ во Скопје организира конференција за бесплатна правна помош да го промовира пристапот до правдата во Југоисточна Европа
Скопје, 7 јули 2011 - Владини претставници и луѓето вклучени во практичната примена на бесплатната правна помош од земјата, како и од Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Црна Гора, Србија и Словенија споделуваа искуства за време на регионалната конференција поддржана од ОБСЕ која започна денеска во Скопје.
Учесниците на конференцијата, организирана од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, во соработка со Министерството за правда, дискутираа за нивните искуства во обидите да се подобрат сегашните практики на ова поле, со цел да се создадат препораки за подобрување во иднина.
„Земјите имаат обврска да го овозможат пристапот до правда според меѓународните стандарди, преку создавање на потребната правна рамка,“ рече Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Амбасадорот Ралф Брет.
Конференцијата ја одбележа и првата годишнина од спроведувањето на законот за бесплатна правна помош.
Министерот за правда, Михајло Маневски рече: „Усвојувањето на законот за бесплатна правна помош во нашата држава овозможи рамноправен пристап на граѓаните до институциите, што е во склад со уставните одредби за рамноправен пристап до правдата. Една година од спроведувањето на овој закон, ние сме задоволни од постигнатите резултати.“