ОБСЕ помага на областите погодени од поплавите
СКОПЈЕ, 11 август 2016 – Како одговор на поплавите во регионите на Скопје и Тетово, Мисијата на ОБСЕ во Скопје обезбедува итна помош и средства за регионите погодени од поплавите.
Генералниот секретар на ОБСЕ, Ламберто Заниер одобри 20.000 евра донација од хуманитарниот фонд на Организацијата за итна помош на најпогодените заедници. Помошта, неопходни алатки и материјали, ќе биде доставена преку Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Мисијата веќе додели генератори за струја и рачни светилки и организира работни тимови на волонтери од својот персонал да помагаат во отстранување на остатоците и калта.
Волонтерскиот „Блосом Фонд“ на Мисијата на ОБСЕ во Скопје исто така донираше 1.500 евра.
"Во овие тешки моменти, ние сме покрај граѓаните на оваа земја и се надеваме дека поддршката и солидарноста од ОБСЕ и меѓународната заедница, ќе придонесе за брзо враќање на нормалните услови за живот во погодените заедници", рече в.д. Заменикот шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Стивен Дејвис .
"Мисијата на ОБСЕ во Скопје ќе продолжи да работи и обезбедува поддршка каде што е можно, соработувајќи со локалните власти, организациите, погодените заедници и нашите меѓународни партнери", рече Дејвис.