Ресурси
Практична примена на спогодувањето за видот и висината на кривичната санкција во првата година од примената на новиот Закон за кривична постапка. Правна анализа
Анализата претставува заеднички придонес на Здружението на јавните обвинители и Секторот за владеење на правото при Мисијата на ОБСЕ во Скопје кон процесот на воспоставување воедначена казнена политика и пракса во нашиот казнено-правен систем. Истата обработува податоци кои се однесуваат на остварените спогодби на четирите апелациони подрачја Битола, Гостивар, Скопје и Штип, во периодот од 1 декември 2013 година до 31 март 2015 година.
Ставовите, мислењата, заклучоците и останатите информации изразени во овој документ, не мора да го изразуваат ставот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), освен доколку не е експлицитно наведено дека ОБСЕ е автор на документот.