Ресурси
Аналитички извештај за процесот на децентрализација
Аналитичкиот извештај за имплементација на процесот на децентрализација е резултат на теренски истражувања и истражувања на секундарни податоци кои беа спроведени од страна на Одделот за демократско владеење при Мисијата на ОБСЕ во Скопје во периодот јули 2012 и јули 2013 година. Своите резултати ги базира на теренско истражување со анкетен прашалник спроведено во одбрани општини, истражување на секундарни податоци базирано на пишани материјали набавени од централни институции, како и анализа на соодветни законски прописи. Целта на извештајот е да се даде оценка за напредокот во
имплементација на процесот на децентрализација во специфични реформски области поврзани со Охридскиот рамковен договор.
Ставовите, мислењата, заклучоците и останатите информации изразени во овој документ, не мора да го изразуваат ставот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), освен доколку не е експлицитно наведено дека ОБСЕ е автор на документот.