Мисијата на ОБСЕ во Скопје организира состанок за деловно поврзување во врска со половото интегрирање во рамките на органите за спроведување на законот
СКОПЈЕ, 9 декември 2015 – Промовирање на половата еднаквост и унапредување на правата на жените во полициската служба е целта на денешниот состанок на ОБСЕ за деловно поврзување, што се одржува во Скопје, на кој ќе учествуваат 35 претставници од Министерството за внатрешни работи, националниот Полициски синдикат и Здружението на жените во Косовската полиција.
Учесниците ќе ги споделат искуствата и идеите за тоа како подобро да ги инкорпорираат половите перспективи во секојдневната работа на полицијата и ќе ги идентификуваат областите за идна соработка.
„Родовата еднаквоста и интеграцијата се клучни аспекти на работата на ОБСЕ и нашата Мисија го поддржува зголемувањето на учеството на жените и во националните и во локалните институции, како и во организациите на јавната безбедност и граѓанското општество„ изјави заменик Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје – Маријан Берец.
Хризантема Рандевска, претседателка на Женската секција на Полицискиот синдикат изјави: „Ние активно работиме на зголемувањето на влијанието и видливоста на нашите активности и во рамите на Полицискиот синдикат и во Министерството. Овој состанок ќе помогне да го насочиме нашиот потенцијал кон различните области на општеството и ќе воспостави мрежа на родово интегрирање во регионот и пошироко.„
Учесниците исто така ќе се запознаат со активностите на Работната полова група на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и со работата на Здружението на жените во Косовската полиција, организација која има за цел да ја зајакне улогата и статусот на жените во спроведувањето на законот.