Вести
Враќање на безбедност од суштинско значење, вели дека Мисијата на ОБСЕ во Скопје
SKOPJE 10 мај 2015
СКОПЈЕ, 10 мај 2015 - Амбасадорката Мариане Берец, Вршител на должноста Шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, изразува искрено сочувство до семејствата и најблиските на полицајците кои ги загубија животите за време на настаните во Куманово и им посакува брзо оздравување на сите повредени.
Враќањето на безбедноста е од суштинско значење, а прецизното објаснување на настаните преку темелна истрага на надлежните органи, ќе помогне во тоа.
Мисијата на ОБСЕ во Скопје апелира до сите да останат смирени. ОБСЕ е подготвена да ги поддржи напорите во насока на решавање на ситуацијата на мирен начин и спречување на натамошна ескалација.