Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје изразува загриженост во врска со вчерашните протести во Скопје
СКОПЈЕ, 6 мај 2015 - Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Амбасадорот Ралф Брет, изрази загриженост во врска со вчерашните протести пред зградата на владата во Скопје.
"Правотo на мирно собирање и протест е уставно загарантирано право на сите граѓани во земјата. Сепак, ваквите протести не треба да бидат проследени со насилство," рече Брет.
"Секој граѓанин треба да биде во можност да го искаже своето мислење и тоа треба да го направи на мирен и одговорен начин, а безбедносните сили треба да бидат во можност да ја вршат својата работа и да го одржуваат јавниот ред и безбедноста. Меѓутоа, полицијата треба да дејствува на професионален и на соодветен начин, со целосно почитување на индивидуалните права на учесниците на протестот," додаде тој.
"Ги повикувам властите и политичките актери, како и граѓаните, да се однесуваат одговорно и да се воздржат од насилство", рече Брет.