Documents library
Извештај од истражувањето за виктимизацијата поради криминал од омраза
Publishing date: 12 декември 2023
Content type: Извештај
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Владеење на правото, Толеранција и недискриминација
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Извештајот од истражувањето за виктимизацијата поради криминал од омраза ги прикажува резултатите од втората анкета за виктимизација поради криминал од омраза спроведена во Северна Македонија, помеѓу јуни и јули, 2023 година (следствено на првата анкета спроведена во 2018 година). Истражувањето прикажува сеопфатен преглед за распространетоста на криминалот од омраза, заснована на етничка припадност, религија, сексуална ориентација, попреченост и политичко уверување, според перцепциите на жртвите, како што и дава поглед во непријавувањето на криминалот од омраза. Истражувањето доаѓа после четири години од усвојувањето на измените на Кривичниот законик, со кои се воведе „омразата“ како квалификаторен облик на неколку кривични дела. Извештајот има за цел да обезбеди докази кои ќе помогнат во формулирањето ефективни мерки кои одговараат и се борат против овој феномен, ги водат таргетираните политики и стратегии на националните и локалните власти, и даваат поддршка на граѓанските организации во нивното застапување.
Анализа на состојбата во образованието на јазиците на помалубројните заедници
Publishing date: 13 ноември 2023
Content type: Извештај
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Образование , National minority issues
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Овој извештај ја содржи сегашната легислатива, процедури, координација и комуникација, и клучните пречки во однос на образованието на јазиците на помалубројните заедници, како и препораки за подобрување. Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците при Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците ја истражува комплексноста околу образованието на јазиците на помалубројните заедници – босански, ромски, српски, турски и влашки. Собирањето на податоци, деталната анализа и сеопфатните интервјуа, нудат увид во предизвиците со кои се соочуваат помалубројните заедници, посебно во однос на пристапот до квалитетно образование. Петте мали извештаи се достапни на секој јазик- босански, ромски, српски, турски и влашки, и севкупниот документ на македонски, албански и англиски.
Проценка на ризиците од корупција во правосудството во Северна Македонија
Publishing date: 12 јуни 2023
Content type: Извештај
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Владеење на правото
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Проценката на ризиците од корупцијата во правосудството дава сеопфатно испитување на секојдневните ризици од корупција што често минуваат незабележани од креаторите на политиките во судовите и јавните обвинителства во Северна Македонија. Проценката е дел од Националната стратегија за спречување на корупција и конфликт на интереси 2021 – 2025 и беше спроведена како поддршка на Државната комисија за превенција на корупција, во партнерство со Здружението на судии на Република Северна Македонија и Здружението на јавните обвинители во Република Северна Македонија. Оваа пионерска заложба се стреми да ги процени и рангира ризиците од корупција во националниот правосуден систем, земајќи ги предвид и законските аспекти и нивната практична примена. Проценка, исто така, цели кон поинформирано креирање политики и за делотворен институционален одговор на идентификуваните ризици од корупција во правосудството. Македонската верзија почнува од страна 45.
Истражувања за сексуалната изнуда како форма на корупција во Република Северна Македонија- Сектори Високо образование и Јавна администрација
Publishing date: 4 април 2023
Content type: Извештај
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Демократизација, Добро владеење
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Оваа публикација ги презентира наодите од двете нови анкети спроведени во 2022 година, кои ја истражуваат состојбата со сексуалната изнуда како родово специфична форма на корупција во секторите на високото образование и јавната администрација во Северна Македонија. Овие емпириски податоци ќе придонесат за дискусија за политиките и да ја подигнат свеста кај креаторите на политики за потребата од институционализирање и криминализирање на родовите форми на корупција во националното законодавство.
Извештај за ризиците од корупција во животната средина во Република Северна Македонија
Publishing date: 3 октомври 2022
Content type: Извештај
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Активности за животната средина
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Извештајот се фокусира на корупцијата поврзана со најзначајните еколошки проблеми во Северна Македонија, како што се нелегалната сеча, загадувањето на воздухот, концесиите за минерални суровини, концесиите за користење на водните ресурси итн. Нејзините наоди и заклучоци се предвидува да ги искористат националните тела за подигање на свеста кај релевантните чинители и повикување на акција за спречување и санкционирање на коруптивните дела во оваа област, придонесувајќи за намалување на директното негативно влијание на еколошката корупција врз безбедноста, здравјето, и квалитетот на животот на граѓаните.
Превенција на родово базирано насилство врз жени и девојки со попреченост- Истражувачки извештај
Publishing date: 2 март 2022
Content type: Извештај
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Истражувачкиот извештај обработува различни прашања кои укажуваат на состојбата со насилството врз жените и девојчињата со попреченост во земјата. Исто така, дава сеопфатен преглед на националната и меѓународната рамка за заштита на правата на жените и девојчињата со попреченост, како и одраз на нивната лична перцепција и искуство со насилство и дискриминација. Извештајот има за цел да ги прикаже проблемите со кои се соочуваат жените и девојчињата со попреченост и да понуди конкретни препораки како да се надминат.
Извештај за проценка на потребите според Архуската конвенција на ОН за управување во областа на животната средина
Publishing date: 1 март 2022
Content type: Извештај
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Активности за животната средина
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Извештајот за проценка дава преглед на состојбата со имплементацијата на Архуската конвенција во Северна Македонија. Извештајот дава кратка историска позадина за Конвенцијата и обврските поврзани со ОБСЕ. Главниот фокус е ставен на правната и институционалната рамка во земјата и што е најважно, областите на интервенција кои Мисијата на ОБСЕ во Скопје потенцијално може да ги спроведе во согласност со спецификите на нејзиниот мандат.
Промовирање на мултистејкхолдерски пристап во процесот на спречување и спротивставување на насилен екстремизам и радикализација кои водат кон тероризам
Publishing date: 14 октомври 2020
Content type: Извештај
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Countering terrorism
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Овој извештај е објавен како основа за поддршка на напорите во Северна Македонија за промовирање на пристап на повеќе чинители, за спречување и спротивставување на Насилен екстремизам и радикализација кои водат кон тероризам (НЕРВТ) во согласност со најдобрите практики во ОБСЕ. Извештајот ги презентира наодите од десетте дискусии на тркалезни маси, организирани од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, во партнерство со канцеларијата на Националниот координатор за Спречување на насилен екстремизам/ Борба против тероризам (СНЕ/БПТ) во врска со Националната стратегија за спречување на насилниот екстремизам, донесена во февруари 2018 година. Извештајот исто така ги потенцира добрите практики и дава препораки за пристап на повеќе чинители во С/СНЕРВТ.
Трет преоден и последен проектен извештај за активностите и предметите во надлежност на Специјалното јавно обвинителство (СЈО)
Publishing date: 6 мај 2020
Content type: Извештај
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Човекови права, Владеење на правото
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Специјалното јавно обвинителство (СЈО) беше основано од страна на Собранието на Република Северна Македонија во септември 2015, согласно со договорот за надминување на политичката криза којашто произлезе од скандалот со прислушувањето во 2015.
Анализа на податоците од набљудуваните судски постапки во предмети од семејно и родово базирано насилство во 2019 година
Publishing date: 9 јануари 2020
Content type: Извештај
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Владеење на правото
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Како дел од своите проектни активности за 2019 година, Мисијата на ОБСЕ во Скопје го поддржа набљудувањето на случаи на семејно насилство и родово базирано насилство пред основните судови во сите четири апелациони региони во земјата, спроведено од мрежата на 14 граѓански организации, Коалиција „Сите за правично судење“. Со идентификување на слабостите и предностите во судењата за семејно и родово базирано насилство, Анализата служи за да се утврди дали бранителите на законот применуваат процедурални заштитни мерки за живот и слобода, а воедно да генерира препораки кои ја поддржуваат законодавната реформа и упатува на недостатоците при промовирање на домашни и меѓународни стандарди за фер судење.