Вести
News and press releases
Вести и соопштенија за јавноста од глобалните активности на ОБСЕ
Нов ласерски систем за спречување нелегална употреба на оружје
Publishing date: 18 март 2024
Content type: Соопштенија за јавноста
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
СКОПЈЕ, 18 март 2024 – Со воведувањето нов систем за управување со деактивирано огнено оружје, овозможено преку донацијата од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, ќе се спречи злоупотребата на оружје и ќе се подобри безбедноста ширум Северна Македонија.
За подобро полициско работење: Регионална конференција за унапредување на родовата еднаквост во рамките на органите за спроведување на законот
Publishing date: 7 март 2024
Content type: Соопштенија за јавноста
Скопје, 7 март 2024 – Родот и безбедноста се во центарот на вниманието на конференцијата организирана од Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР) во Скопје на 7 и 8 март. На конференцијата учествуваат органите за спроведување на законот од регионот со цел да разменат искуства и најдобри практики за постигнување родова еднаквост во рамките на органите за спроведување на законот
Во потрага по оружје: Ја претставуваме првата жена-водач на службено куче
Publishing date: 22 февруари 2024
Content type: News
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Контрола на оружје, Полициско работење
Заедно со нејзината енергична партнерка од единицата К9, 5-месечната Ада од расата белгиски овчар (малиноа), Кристина Шикова до летово ќе излезе на терен да извршува должности за откривање. Кристина поминува обука за да стане водач на службено куче, со што ќе биде првата жена во Северна Македонија на ваква позиција. Иако Ада знае да ги следи командите на Кристина со топче, таа сега учи како да душка автомобили со намера да открива. За само неколку месеци, Ада ќе може да ги извршува нејзините должности на куче-душкач со врвна прецизност, особено при откривањето огнено оружје и муниција. Напорите на Мисијата на ОБСЕ во Скопје за зајакнување на капацитетите за откривање на Единицата за службени кучиња е дел од потфатот за зајакнување на контролата на оружје во Југоисточна Европа. Зајакнувањето на капацитетите за откривање дава значаен придонес кон пошироката цел за подобрување на безбедноста и намалување на пролиферацијата на оружје во регионот. Кристина шест години е дел од полицијата, но сакаше да работи во Единицата за службени кучиња уште од самиот почеток. Кога се отвори работното место, таа веднаш аплицираше. „Сѐ уште имам измешани чувства не ми се верува, возбудена сум, сакам да го работам тоа, пред сѐ ми претставува задоволство и не го гледам како работа“, изјави Кристина за моментот кога ја дозна добрата вест за нејзиното именување во јануари. Нејзината обука вклучува социјализација, послушност, контакт со назначеното службено куче, теоретски и практични делови, како и физички задачи. Кристина очекува да научи многу од работата и има за цел да биде одлична како водач, а потоа да напредува како инструкторка со што активно ќе им помага на новите службеници и ќе им биде пример. Повикувајќи се на нејзините достигнувања, Кристина се залага за зголемена различност во органите на редот и потребата за повеќе жени во полицијата, притоа препознавајќи ја нивната улога во градењето доверба кај заедницата. Таа охрабрува повеќе жени да се пријават за работа во Единицата за службени кучиња бидејќи знае колку од нив ги поседуваат поттик и посветеност потребни за работата. Мисијата активно промовира родова активност преку иницијативи кои ги поддржуваат жените во органите на редот, обезбедувајќи обука и поддршка, и преку застапување за инклузија на жените во полицијата. Од 2018, Мисијата тесно соработува со Министерството за внатрешни работи (МВР) на Северна Македонија со цел да се спроведе родово сензитивно полициско работење преку сеопфатна родова менторска програма. Искуството на Кристина, заедно со нејзината партнерка од единицата К9, Ада, служи како инспирација за жените кои размислуваат за кариера во органите на редот и во Единицата за службени кучиња – кауза која Мисијата на ОБСЕ во Скопје со гордост ја поддржува. За напорите да се подобрат капацитетите за откривање мало и лесно оружје Подобрувањето на капацитетите за откривање спаѓа под проектот на Мисијата од вон-буџетски средства „Поддршка на националните власти на Република Северна Македонија во намалувањето на ризикот од пролиферација и злоупотреба на малото и лесно оружје (МЛО)“. Финансиран од Белгија, ЕУ, Франција, Германија, Норвешка, Словачка и САД, проектот овозможува значителен напредок во однос на подобрувањето на капацитетите за откривање на Единицата за службени кучиња во земјата. Дознајте повеќе за проектот за мало и лесно оружје овде.
Зајакнување на независното новинарство во Северна Македонија
Publishing date: 3 февруари 2024
Content type: News
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Слобода и развој на медиуми, Владеење на правото
Заедно со Здружението на новинари (ЗНМ) и нашите останати партнери, Мисијата на ОБСЕ во Скопје останува цврста во својата посветеност за поддршка на висококвалитетното новинарство.
Конкурс за студентски есеи
Publishing date: 16 ноември 2023
Content type: News
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Образование , Добро владеење , Владеење на правото
По успешното завршување на серијата предавања за борба против корупцијата, организирани во соработка со четири национални универзитети (Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Универзитет „Гоце Делчев“- Штип, Универзитет „Св. Климент Охридски“ Битола и Универзитетот на Југоисточна Европа), и покажаниот интерес на студентите, а со цел да се поттикне активната вклученост во борбата против корупцијата, Мисијата на ОБСЕ во Скопје организира натпревар во пишување на есеи за студенти.
Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ, УНХЦР, Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Високиот комесар за бегалци на ОБСЕ и ОДИХР ги здружуваат силите за да се стави крај на бездржавјанството во Југоисточна Европа
Publishing date: 17 октомври 2023
Content type: Соопштенија за јавноста
СКОПЈЕ, 17 октомври 2023 година – Решавање на случаите на бездржавјанство во Југоисточна Европа и обезбедување државјанство за сите новородени деца до крајот на 2024 година се заложбите на националните власти и претставниците на граѓанското општество на регионалната конференција што се одржа денеска во Скопје, Северна Македонија.
ОБСЕ, УНХЦР, Министерство за правда, Министерство за труд и социјална политика, ги зголемуваат заложбите за ставање крај на бездржавјанството
Publishing date: 19 јули 2023
Content type: News
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
Мисијата на ОБСЕ во Скопје, заедно со Претставништвото на УНХЦР во Северна Македонија, Министерството за правда, Министерството за труд и социјална политика и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, започнаа регионална работилница наменета за поддршка на земјата во нејзините заложби да се стави крај на бездржавјанството.