Повик за учесници: Обука на тема Младинско ангажирање и оснажување за борба против радикализација и насилен екстремизам

Мисијата на ОБСЕ во Скопје објавува повик за учесници за обуката на тема Младинско ангажирање и оснажување за борба против радикализација и насилен екстремизам која ќе се одржи во периодот 15-18 септември 2025 во хотел Романтик во Велес.
Оваа иницијатива има за цел да ги опреми младите лидери со знаење и вештини за справување со предизвици во однос на превенција на конфликти и национална безбедност. Во рамките на третата младински фокусирана програма на Мисијата, 20 студенти кои студираат безбедност, право, меѓународни односи и политички студии на универзитетите низ Северна Македонија ќе бидат дел од оваа обука.
Учесниците ќе работат со членови на Мисијата на ОБСЕ како и со експерти од безбедносните институции за да се стекнат со практични перспективи за комплексноста на повеќекултурните општества и современите безбедносни предизвици.
Период за аплицирање: 25 август – 7 септември 2025.
Избраните учесници ќе бидат известени по е-пошта, па затоа апликантите треба да внесат е-адреса која активно се користи. Иако формуларот за аплицирање е на англиски јазик, добредојдени се апликации на македонски и албански јазик.
Мисијата на ОБСЕ во Скопје ќе ги покрие сите трошоци за сместување, пат, материјали за обука и оброци. За време на настанот ќе биде обезбедено симултано толкување.
Аплицирајте тука: https://forms.gle/cJzrtcie2v5ZCwbV6