Камп за безбедност на млади новинари – градење отпорност, етика и влијание
Во динамичниот медиумски простор во Северна Македонија, новинарите сè уште се соочуваат со дезинформации, координирани клеветнички кампањи, закани на интернет и политички притисоци. За да се одговори на овие предизвици и да се зајакне улогата на независното новинарство, Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) четврта година по ред го организираат Кампот за безбедност на млади новинари.
Младите новинари учеа како да се заштитат во дигиталниот простор и како професионално и одговорно да известуваат за теми како корупција, криминал и одговорност на институциите. Дел од обуката беше посветен на справување со SLAPP тужби и на заштита на слободата на изразување.
Овој камп ја потврдува континуираната поддршка на Мисијата за слободни и безбедни медиуми, со посебен фокус на младинско оснажување и зајакнување на институциите.