Советодавна група за млади (СГМ) - Повик за учество
Советодавната група за млади (СГМ) ќе служи како инструмент за интегрирање на младите дизајниран да обезбеди ефективно оформување и интеграција на репрезентативни младински перспективи во политиките, активностите за планирање и програмските активности на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Таа ќе обезбеди суштински придонес за Мисијата во однос на грижи, потреби, приоритети, аспирации и ранливости кај младите. Дополнително, СГМ ќе работи на подигање на свеста за овие прашања и ќе ги промовира вредностите на ОБСЕ.
СГМ ќе биде составена од мотивирана група на млади поединци од различни заднини и етнички заедници од цела Северна Македонија, многу од кои се активно вклучени во нивните локални заедници и граѓанскиот сектор. Групата ќе обезбеди инклузивна платформа за младите да придонесат со нивните перспективи кон работата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Работата на СГМ ќе ја координира координаторот на СГМ, кој исто така е и лице за контакт на Мисијата за младински прашања. Капацитетот (т. е. свест, знаење, вештини, итн.) на членовите на СГМ постојано ќе се развива преку сопствени насоки и консултации, учество во активности и настани на Мисијата, обуки и други можности.
Мисија на СГМ
Обезбедување младинска перспектива за прашања поврзани со млади и други прашања кои произлегуваат од приоритетите на Мисијата, вклучително и спроведување и евалуација на активностите на Мисијата.
Целта на СГМ
Целта на Советодавната група за млади на Мисијата е да состави проактивен, компетентен и разновиден тим од млади доброволци од цела Северна Македонија кои можат да понудат креативни увиди за политички, социјални и економски прашања, да обезбедат суштински придонес за грижи, потреби, приоритети, аспирации и ранливости кај младите, како и да помогнат да се крене свеста за и да се промовираат вредностите на ОБСЕ.
Главни придобивки на СГМ
- Широки, разнообразни и високо репрезентативни перспективи за политички, социјални и економски прашања;
- Увиди кои овозможуваат подобрено разбирање на предизвиците поврзани со младите;
- Оформување порелевантни, пореспонзивни и поефективни планови и активности на Мисијата, особено за подобрување на позицијата на младите во Северна Македонија;
- Повеќе активности кои се релевантни, пријателски и инклузивни за младите;
- Поголемо, понасочено и поефективно учество на младите, вклучително во рурални, изолирани и разновидни заедници;
- Поефективна и формализирана комуникација со младински организации, организации за млади и чадор-организации, студентски совети и здруженија, локални младински совети, младински центри и други младински актери;
- Подобрени точки за влез и мрежи за Мисијата за соработка со чинители ориентирани кон младите.
Структурата на СГМ (состав на групата и процес на селекција)
- Разновидна и високо репрезентативна група на млади луѓе (на возраст 15-29) од цела Северна Македонија;
- Членовите на СГМ ќе служат како доброволци без временски ограничен мандат;
- Членовите ќе се изберат преку јавен повик за апликации;
- Групата ќе се погрижи за соодветна застапеност на различни погледи и широка географска покриеност;
- Разновидноста ќе се обезбеди во смисла на етничка и религиска припадност, како и академска и социоекономска заднина;
- Ќе се одржува родова рамнотежа.
Мисијата на ОБСЕ во Скопје ве поканува да станете член на Советодавната група за млади. Бараме од 7 до 9 граѓани на Република Северна Македонија, на возраст од 15 до 29, кои течно зборуваат англиски јазик и имаат пасија за водење позитивна промена во нивните заедници.
Периодот за аплицирање е отворен од 29 јули до 15 август 2025. Сите апликанти ќе добијат потврда за примена апликација. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани за наредните чекори! Избраните учесници ќе бидат објавени на нашата веб-страница и платформите на социјалните медиуми штом процесот се заврши. Тие исто така ќе бидат поканети во просториите на Мисијата за официјалниот почеток на работата на СГМ.
Сета формална комуникација и кореспонденција помеѓу членовите на СГМ и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, вклучително и со координаторот на СГМ, ќе се одвива исклучиво на англиски јазик. Аплицирајте сега и придружете се на оваа динамична група на млади лидери и носители на промени!
Пополнете го формуларот за апликација тука: https://forms.gle/rc1THRR65NwdQiHj7