Ресурси
Водич за преминување на товарот на докажување на Комисијата за спречување и и заштита од дискриминација
Публикацијата има за цел да го разјасни процесно-правниот концепт на префрлање на товарот на докажување, неговото значење и опсег, како и сите отворени прашања поврзани со практичната имплементација на постапките пред Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и националниот суд, за да се обезбеди ефективна примена на Законот за спречување и заштита од дискриминација.
Исто така, се фокусира на помагање на правните практичари во стекнување знаења и вештини во областа на правото за еднаквост и принципот за недискриминација, оттука пошироко се користени примери од Судот на правдата на Европската унија и Европскиот суд за човекови права, како и споредбените практики од европските земји.
Ставовите, мислењата, заклучоците и останатите информации изразени во овој документ, не мора да го изразуваат ставот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), освен доколку не е експлицитно наведено дека ОБСЕ е автор на документот.