Прв отворен повик за предлози за фондот за интегрирано образование

Отворен за: Јавни училишта, градинки, факултети за обука на наставници/педагошки факултети и општини.
Можност за финансирање: До 7000 евра по апликација/повик
Период на имплементација: јуни 2023 - мај 2024 година
Краен рок за поднесување: 30 април 2023 година
Упатство за апликантите за грант
Градење нови мостови
Проектот „Градење нови мостови“ (ГНМ) се надоврзува на Фондот за градење мостови (ГМ) кој воведе модел за интегрирано образование во Северна Македонија за поддршка на училиштата, општините и граѓанските организации (ГО-и) за обединување на децата од различно потекло и јазици преку заеднички воннаставни активности.
Овој нов проект понатаму има за цел градење инклузивни општества кои го негуваат и се гордеат со културниот плурализам и ја почитуваат толеранцијата, дијалогот и соработката, во клима на меѓусебна доверба и разбирање како најдобри гаранции на социјалниот мир и безбедноста.
ГНМ е моментално поддржан од Кралството Норвешка, Република Полска и Големото Војводство Луксембург.
Цели на Фондот за интегрирано образовани (ФИО)
Општата цел на Фондот за интегрирано образование е да ги зајакне меѓуетничките односи и социјалната кохезија во рамките на училишните средни преку зголемени интегрирани образовни практики и меѓукултурни размени. Фондот има за цел е да ја зголеми меѓуетничката интеракција, разбирањето и интеграцијата помеѓу децата и младите преку мотивирање и финансиска поддршка на повеќејазични училишта (основни и средни), градинки и/или споени еднојазични училишта/градинки со различни наставни јазици, како и педагошки установи за спроведување заеднички наставни и воннаставни активности.
Посебните цели на ФИО се:
- Зајакнување на меѓуетничките односи помеѓу децата и младите од различни јазици и културно потекло преку заеднички наставни и воннаставни активности;
- Поттикнување активности што даваат простор за меѓуетнички ангажман во согласност со училишните програми и министерските упатства;
- Поддржување одржливи иницијативни кои лесно би можеле лесно да се повторат во иднина;
- Всадување меѓусебна почит и надминување на етничките стереотипи и предрасуди;
- Развивање чувство на заедница и припадност преку универзални вредности.
Во рамките на првиот повик за предлози, Фондот за градење нови мостови обезбедува грантови до 7000 евра за подобни училишта, факултети за обука на наставници и општини, и до 3500 евра за градинки за проектни предлози што ќе се спроведат помеѓу јуни 2023 и мај 2024 година.
Пакет на апликација
Пакетот на апликацијата може да се преземе преку страницата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје на македонски, албански и англиски јазик. Апликациите мора да се поднесат на англиски јазик. Верзија на македонски и/или албански јазик може да се достави заедно со англиската верзија. Крајниот рок за првиот отворен повик е 30 април, 2023 година.
Апликациите може да се поднесат директно до: BNB.mk@osce.org
Апликациите прво ќе бидат разгледани од страна на Извршната канцеларија на Фондот за ГНМ за да се утврди нивната подобност. Конечната одлука за доделување ќе биде донесена од независен советодавен одбор.
За прашања во врска со отворениот повик можете да го контактирате нашиот тим на BNB.mk@osce.org.