Ресурси
Родот и корупцијата - истражувања за Република Северна Македонија
Публикацијата ги вклучува наодите од првото национално истражување за перцепцијата на жените во Северна Македонија и одговори од дискусиите на двете фокус групи со жртви на изнуда на сексуални услуги, спроведени во 2021 година.
Некои од одговорите на испитаничките вклучуваат дали жените препознале сексуална изнуда од страна на вработените во јавниот сектор во замена за обезбедување јавна услуга како форма на корупција, дали функционерите од позиција на моќ имаат тенденција да бараат сексуални услуги наместо пари/мито со цел да обезбедат јавна услуга која се должни да ја обезбедат во согласност со законите, исто така дали има сексуална изнуда и во приватниот сектор, како и дали испитаничките би пријавиле сопствено или туѓо искуство со оваа форма на корупција.
Наодите од извештајот имаат за цел да поттикнат дебата и на крајот да доведат до криминализација на изнудата на сексуални услуги како чин на корупција во Северна Македонија.
Ставовите, мислењата, заклучоците и останатите информации изразени во овој документ, не мора да го изразуваат ставот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), освен доколку не е експлицитно наведено дека ОБСЕ е автор на документот.