Ресурси
Реформа на јавната администрација на локално ниво- Прилагодување на реформата на специфичните потреби на единиците на локалната самоуправа во Северна Македонија

Овој труд има за цел да обезбеди стратешки насоки за креаторите на политики за тоа како да ги вклучат спецификите на единиците на локалната самоуправа (ЕЛС) во рамките на Стратегијата за реформа на јавната администрација (СРЈА) 2018-2022 на сеопфатен и значаен начин. Исто така, нуди детален преглед на секое поглавје од Стратегијата. Паралелно на тоа, трудот ги прикажува главните сознанија од испитувањето на ЕЛС и заклучоците од регионалните тркалезни маси и работилницата.
Ставовите, мислењата, заклучоците и останатите информации изразени во овој документ, не мора да го изразуваат ставот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), освен доколку не е експлицитно наведено дека ОБСЕ е автор на документот.