Ресурси
Барометар за еднакви можности
Истражувањето „Барометар за еднакви можности“, изработена од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, ги опфаќа перцепциите за дискриминација и нееднаквост на севкупната јавност. Исто така, прави компаративна анализа на резултатите од трите истражувања спроведени во 2009, 2013 и 2018 година и дава преглед на правецот и интензитетот на промените на перцепциите, ставовите, познавањата и свеста за дискриминација и нееднаквост во земјата во периодот од 2009 до 2018 година.
Во извештајот се испитуваат одговорите на мажите и жените во врска со дискриминацијата по седум основи - род, етничка припадност, религија или верувања, возраст, попреченост, сексуална ориентација и политичка припадност.
Ставовите, мислењата, заклучоците и останатите информации изразени во овој документ, не мора да го изразуваат ставот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), освен доколку не е експлицитно наведено дека ОБСЕ е автор на документот.