Ресурси
Анализа на податоците од набљудуваните судски постапки во 2017 година
Анализата, подготвена од Коалицијата „Сите за правично судење“ и поддржана од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, обезбедува увид во спроведувањето на новите одредби од Законот за кривична постапка. Таа, исто така, нуди и препораки за идните активности и реформи со цел зајакнување на капацитетите на судскиот систем во земјата, што ќе води кон зголемена доверба на јавноста во правниот систем.
Коалицијата е мрежа од четиринаесет здруженија на граѓани кои ги следат кривичните постапки пред надлежните судови во сите четири апелациони подрачја во земјата.
Ставовите, мислењата, заклучоците и останатите информации изразени во овој документ, не мора да го изразуваат ставот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), освен доколку не е експлицитно наведено дека ОБСЕ е автор на документот.