Шефицата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје во пресрет на Меѓународниот ден на Ромите повикува на хармонија и соживот
СКОПЈЕ, 7 април 2016 година - Шефицата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Нина Суомалаинен, во пресрет на Меѓународниот ден на Ромите 8 април, им го честиташе празникот на претставниците на ромската заедница и изрази желби за соживот и хармонија меѓу сите заедници.
"Меѓународниот ден на Ромите не значи само одбележување на ромската култура, тоа е и ден кога општествата треба да погледнат со какви предизвици Ромите се соочуваат секојдневно, во сите сфери на живеење," рече Суомалаинен.
"Мисијата ги поздравува напорите на институциите, како и сите други иницијативи кои имаат цел да инвестираат во Ромската заедница, да помогнат жените Ромки да имаат еднакви права, младите Роми да добијат соодветни вештини потребни при вработувањето и сите ромски деца да го завршат задолжителното образование.“
"Дозволете ми да истакнам дека кохезијата меѓу заедниците и особено инклузијата на Ромите, не е задача само на владата, туку е и задача на сите граѓани. Ги охрабрувам државните власти да работат заедно, со цел да се постигнат целите поставени во усвоената Национална стратегија за Ромите," заклучи Суомалаинен.