Шефицата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје Нина Суомалаинен се сретна со Обвинителката Катица Јанева
СКОПЈЕ, 10 ноември 2015 година - Шефицата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Нина Суомалаинен, се сретна денеска со Обвинителката за случаи кои произлегуваат од содржината на неовластеното следење на комуникациите, Катица Јанева *, да разговараат за нејзината нова улога и предизвиците кои се пред неа.
За време на средбата, Суомалаинен и честиташе на Јанева за формирањето на нејзиниот тим од вкупно дванаесет обвинители, истакнувајќи дека Обвинителката и нејзиниот тим треба да ја извршуваат својата работа независно и без никаква форма на притисок, за да постигнат резултати кои ќе бидат фер и објективни.
"Важно е дека Обвинителката работи со институциите. Нашата мисија е подготвена да помогне, ", рече Суомалаинен.
Шефицата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, исто така, ја искористи оваа прилика да го поздрави договорот постигнат на средбата на лидерите на политичките партии на 5-6 ноември, за натамошно спроведување на Договорот од јуни и јули, познат како Договорот од Пржино.
"Ние сме задоволни дека беа договорени овие дополнителни чекори. Правилното спроведување на Договорот од Пржино и почитувањето на законите, вклучувајќи ги оние кои беа усвоени вчера во Парламентот, ќе создадат можност за еднакви услови на претстојните избори ", рече Суомалаинен.
* Обвинителката за случаи кои произлегуваат од содржината на неовластеното следење на комуникациите ја презеде должноста на 15 септември, како дел од т.н. Договор од Пржино, постигнат меѓу четирите политички партии со меѓународна помош.