Ресурси
Анализа на политиката на казнување за организиран криминал и корупција
Оваа анализа дава преглед на работата на специјализираното одделение на Основниот суд Скопје 1 - Скопје кое се занимава со организиран криминал и корупција на целата територија на државата. Анализата се фокусира на работата на специјализираното одделение од 2007 година до почетокот на 2014 година и се стреми да ја евалуира работата на ова специјализирано одделение во поглед на видот на предмети по кои постапува и видот и распределбата на санкциите по овие предмети.
Ставовите, мислењата, заклучоците и останатите информации изразени во овој документ, не мора да го изразуваат ставот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), освен доколку не е експлицитно наведено дека ОБСЕ е автор на документот.