Вести
Мисијата на ОБСЕ во Скопје повикува на смиреност и разум
SKOPJE 21 мај 2014
СКОПЈЕ, 21 мај 2014 – Мисијата на ОБСЕ во Скопје жали за трагичната загуба на еден млад живот во Ѓорче Петров, по што следеа дводневни немири. „Ги следиме случувањата со голема загриженост,“ рече Шефот на Мисијата, Амбасадорот Ралф Брет. „Знаеме дека властите го испитуваат ова кривично дело, затоа сега е од исклучително значење да се препуштат работите на истражните и судските органи.“
Потребна е солидарност со семејството на жртвата, а не насилни протести и уништување имот, истакна Амбасадорот Брет. „Во минатото граѓаните на оваа земја покажаа способност да се зближат во тешки моменти. Ги повикуваме сите да се свртат кон овие вредности. Ниту една заедница не треба да носи колективна одговорност за делата на една индивидуа.“