Меѓународните набљудувачи на претседателските и парламентарните избори во Северна Македонија ќе одржат прес-конференција во четврток
СКОПЈЕ, 7 мај 2024 година – Меѓународните набљудувачи на изборите ќе одржат прес-конференција на која ќе ги претстават своите наоди по вториот круг од претседателските, како и по парламентарните избори во Северна Македонија.
Што:
- Прес-конференција на меѓународната набљудувачка мисија за изборите за вториот круг од претседателските избори и за парламентарните избори во Северна Македонија
- На прес-конференцијата може да присуствувате лично или преку Zoom (детали подолу)
- Оние коишто не можат да присуствуваат лично можат да го следат преносот во живо тука
Кој:
- Николоз Самхарадзе, Специјален координатор и лидер на краткорочната набљудувачка мисија
- Алфред Хеер, Шеф на делегацијата на ПССЕ
- Карина Одебринк, Шеф на делегацијата на ПС на ОБСЕ
- Леополдо Лопез Гил, Шеф на делегацијата на ЕП
- Џилијан Стирк, Шеф на набљудувачката мисија за изборите на ОДИХР
Кога:
- 15:00 часот по локално време (GMT +2) на 9 мај 2024 година
Каде:
- Александар Палас, Булевар 8-ми Септември бр. 15, Скопје
Регистрација:
- За да учествувате преку Zoom, ве молиме регистрирајте се до 11:00 часот по локално време на 9 мај, користејќи го следниов линк.
Меѓународното набљудување на изборите е заедничка мисија на Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР) на ОБСЕ, Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ), Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) и Европскиот парламент (ЕП). Набљудувачката мисија брои вкупно 347 набљудувачи, составени од 238 експерти, долгорочни и краткорочни набљудувачи распоредени од ОДИХР, 73 од ПС на ОБСЕ, 25 од ПССЕ и 11 од ЕП.
За повеќе информации, ве молиме да контактирате со:
Катја Андруш, ОДИХР: +48 609 522 266 или katya.andrusz@odihr.pl
Анжелика Иванишчева, ПС на ОБСЕ: + 45 60 10 80 30 или anzhelika.ivanishcheva@oscepa.dk
Богдан Торкаториу, ПССЕ: Bogdan.TORCATORIU@coe.int
Рафаеле Луиз, ЕП: +32 470952199 или raffaele.luise@europarl.europa.eu