Ресурси
Регулирање на изборните кампањи во онлајн просторот со кодекси за однесување: примерот на Северна Македонија
Во периодот од септември 2022 г. до октомври 2023 г., ОДИХР ѝ даде поддршка на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на Северна Македонија (Агенцијата) при изготвувањето на Кодекс за однесување во онлајн просторот за време на изборни процеси и референдуми (Кодекс).
Кодексот го третира однесувањето на политичките партии и кандидатите во онлајн просторот, вклучително и на социјалните мрежи, за време на изборните процеси и референдуми. Го опфаќа и однесувањето во онлајн просторот на медиумите, проверувачите на факти и другите субјекти кои можат да влијаат врз јавноста за време на кампањата. The Code is an innovative tool for tackling the challenges of electoral integrity in the online sphere and is the first such initiative in the Western Balkans.
Помошта којашто ОДИХР ѝ ја обезбеди на Агенцијата е дел од проектот Поддршка на изборните реформи во Западен Балкан, финансиран од Европската унија и Австриската агенција за развој.Ставовите, мислењата, заклучоците и останатите информации изразени во овој документ, не мора да го изразуваат ставот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), освен доколку не е експлицитно наведено дека ОБСЕ е автор на документот.