Меѓународните набљудувачи на локалните избори во Северна Македонија ќе одржат прес-конференција в понеделник
Скопје, 17 октомври 2025 – Меѓународните набљудувачи на изборите ќе одржат прес-конференција на која ќе ги презентираат своите наоди по локалните избори во Северна Македонија.
Што:
- Прес-конференција на меѓународната мисија за набљудување на избори за локалните избори во Северна Македонија
- За оние кои нема да можат да присуствуваат, преносот во живо можете да го следите на следниот линк.
Кои:
- Матео Мекачи, шеф на Мисијата за набљудување на изборите на ОДИХР
- Гобнит Ни Вимнехан, шефица на делегацијата на Конгресот
- Марта Темидо, шефица на делегацијата на Европскиот парламент
Кога:
- 15:00 часот по локално време (GMT +2), 20 октомври 2025 година
Каде:
- Конференциска сала "Платинум 1" во DoubleTree by Hilton Skopje, Булевар АСНОМ 17, 1000 Скопје
Регистрација:
- Претходна регистрација не е потребна, но прашања ќе можат да поставуваат само претставници на медиумите
Меѓународното набљудување на изборите е заедничка мисија на Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ (ОДИХР), Конгресот за локални и регионални власти на Советот на Европа ( Конгрес) и Европскиот парламент (ЕП). Мисијата вклучува вкупно 276 набљудувачи од 40 земји, составени од 254 експерти и долгорочни и краткорочни набљудувачи на ОДИХР, 15 пратеници и службеници од Конгресот и 7 од Европскиот парламент.
За повеќе информации, ве молиме контактирајте ги:
Катја Андруз, ОДИХР: +48 609 522 266 or katya.andrusz@odihr.pl
Стефани Поирел, Конгрес: +33 6 63 55 07 10 or stephanie.poirel@coe.int
Рафаел Луис, ЕП: +32 470952279 or raffaele.luise@europarl.europa.eu