Вториот круг на претседателските избори во Северна Македонија мирнен и добро спроведен, но се’ уште не е одговорено на законските недоследности, велат меѓународните набљудувачи
СКОПЈЕ, 6 мај 2019 – Вториот круг на претседателските избори во Северна Македонија беше мирен и добро спроведен. Сепак, и натаму загрижуваат недоследностите во законската рамка, заклучија меѓународните набљудувачи во прелиминарната изјава објавена денес.
Мисијата за набљудување е заедничка активност на Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР), Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ) и Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ).
„Овој изборен циклус стаса до успешна завршница, со гласачи што можеа слободно да одберат меѓу различните опции“ рече Серен Мобурн, специјален координатор и лидер на кусорочната набљудувачка мисија на ОБСЕ. „Вчерашната зголемена излезност на гласачите ја покажува решеноста на населението да се обедини и да одговори на предизвиците со кои се соочува земјата. Сега преостанува политичкото лидерство да ја слушне оваа порака и да преземе вистински реформи што ќе го заменат законскиот пачворк што бара постојани политички договори, со кохерентно и одржливо изборно законодавство.”
Околу 1.8 милиони гласачи имаа право да го дадат својот глас на 3,396 избирачки места ширум земјата. Изборните органи ги спроведоа подготовките за вториот круг професионално и непристрасно, и генерално ја уживаа довербата на јавноста. Сепак, на фактот што граѓаните со истечени документи за лична идентификација беа исклучени од гласањето треба да се одговори. Покрај ова, иако барањето за излезност од 40%, беше исполнето во овој случај, тоа создава потенцијал за повторени избори, причина за загриженост што ОДИХР ја има изразено и претходно.
Кампањата се одвиваше во мирно опкружување. Сите учесници моежа да водат кампања без попречувања, а темелните слободи се почитуваа. Се чини дека државните функционери и натаму правеа јасна разлика меѓу нивните службени и политички активности. Понатаму, обата кандидати се обратија различните етнички заедници.
„Гласањето во вториот круг на претседателските избори беше добро организирано, а гласачите, како и во првиот круг, можеа слободно да го направат својот избор. Но изборите не се ограничени само на денот на гласањето. Делегацијата на ПССЕ смета дека на некои проблеми што постојано се јавуваат во изборниот процес и натаму не е одговорено, особено на потребата од реформа на изборниот законик и, општо земено, политичкиот систем, за граѓаните повторно да се вклучат и да се обезбеди нивно активно учество, без оглед на етничкото потекло/припадност. Покрај ова, од клучна важност е да се зајакне транспаретноста и контролата на финансирањето на изборната кампања. Не треба да се дозволи прашањето на членство во ЕУ и НАТО да ги засени/затскрие повторените проблеми во изборниот процес“ рече Мари-Кристин Дало, шеф на делегацијата на ПССЕ. „Парламентарното собрание и Венецијанската комисија се подготвени да им помагаат на властите на Северна Македонија да ги спроведат неопходните реформи.”
Како и во првиот круг на изборите, сепак, меѓународните набљудувачи изразија сериозна загриженост околу законската рамка. Иако законот овозможува демократски избори, и натаму не е одговорено на и претходно евидентните регулаторни недоследности, околу прашањата како водење кампања, медиумско рекламирање, финансирање на кампањата и регистрација на гласачите. Ова дополнитено ја истакнува важноста на законодавната реформа, што беше веќе истакнато во прелиминарните заклучоци по првиот круг.
„Денот на изборите беше добро подготвен, и мина спокојно и мирно,” рече Корин Јонкер од Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР). „Но во демократијата не се работи само за денот на изборите. Потребна е политичка волја за да се обезбеди дека вистински инклузивните законски реформи се проследени и со доследно спроведување, што ја гради и одржува довербата на гласачите.”
Меѓународната мисија за набљудување на изборите во вториот круг се состои од околу 170 набљудувачи од 32 земји, вклучувајќи 156 долгорочни и кусорочни набљудувачи распоредени од ОДИХР, 11 парламентарци и службеници на ПС на ОБСЕ, и 5 од ПССЕ.
За натамошни информации, ве молиме контактирајте со:
Андреас Бејкер, ПС на ОБСЕ, +389 70 636 321 или +45 601 08126, andreas@oscepa.dk
Катја Андруш, ОДИХР, +389 72 807 826 или +48 609 522 266, katya.andrusz@odihr.pl
Шемавон Шахбазјан, Секретаријат на ПССЕ, +389 70 636 302 или +33 6 50 68 76 55, Chemavon.Chahbazian@coe.int