Ресурси
Коментар на Законот за управните спорови
Коментарот на Законот за управните спорови, подготвен од националните експерти, служи како водич за судиите од Управниот и од Вишиот управен суд, странките во управната постапка, претставниците на јавните тела и другите правни професионалци кои би сакале да стекнат подлабоко разбирање на правните стандарди воведени со овој закон.
Публикацијата дава коментари на одредбите во однос на управните спорови, примери од судската пракса и сеопфатна, стручна и научно поткрепена содржина за примената и толкувањето на одредбите од Законот за управните спорови.
Дополнително, ќе помогне во проширувањето на алатките и ресурсите за учење на Академијата за судии и јавни обвинители за сегашните и идните судии и јавни обвинители, правните практичари, законодавците и студентите.
Ставовите, мислењата, заклучоците и останатите информации изразени во овој документ, не мора да го изразуваат ставот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), освен доколку не е експлицитно наведено дека ОБСЕ е автор на документот.