Ресурси
Што е локална самоуправа и како ја избираме - Прирачник за гласачи
Прирачникот, подготвен од Државната изборна комисија (ДИК) и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, има за цел да го зголеми знаењето на гласачите за локалната самоуправа, органите што се избираат на локалните избори и специфичностите за локалните избори. Прирачникот дава кратки и едноставни информации за улогата и надлежностите на градоначалниците и општинските совети во Северна Македонија, правото да бидат избрани, изборните модели што се користат за избор на градоначалник и општински совет, изборната кампања и финансирањето на локални избори. Дополнително, дава преглед на основните принципи на демократското владеење и можностите за учество на граѓаните во процесот на донесување одлуки на локално ниво.
Ставовите, мислењата, заклучоците и останатите информации изразени во овој документ, не мора да го изразуваат ставот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), освен доколку не е експлицитно наведено дека ОБСЕ е автор на документот.