Ресурси
Двојба во корист на обвинетиот, виновен надвор од разумно двоумење- Компаративно истражување
Оваа компаративна студија ги надополнува напорите на Мисијата на ОБСЕ во Скопје за поддршка на транзицијата во практикувањето на новиот модел на адверзариски постапки во земјата, во голема мера заснован на слични законски транзиции во земјите низ Европа. Таа се состои од седум различни истражувања за спроведување на принципот in dubio pro reo и стандардот надвор од разумно двоумење во различни судски системи низ историјата и во денешно време.
Ставовите, мислењата, заклучоците и останатите информации изразени во овој документ, не мора да го изразуваат ставот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), освен доколку не е експлицитно наведено дека ОБСЕ е автор на документот.