Ресурси
Постапување по криминал од омраза: Практичен водич
Постапување по криминал од омраза: Практичен водич подготвен во соработка со Меѓународната асоцијација на обвинители со цел подобрување на истрагата и постапување по криминал од омраза низ целиот регион на ОБСЕ. Прирачникот е релевантен за различни правни системи и законодавни рамки и ги надополнува Обуките на ОДИХР за обвинителите и криминалот од омраза (ПАХЦТ). Овој водич има за цел да го објасни влијанието на злосторствата од омраза преку истакнување на нивните специфични карактеристики во споредба со другите кривични дела. Истиот ги вклучува најчестите прашања поврзани со работата на обвинителите во справувањето со овие кривични дела, особено во врска со доказите за пристрасна мотивација, што е разликувачки фактор во злосторствата од омраза.
Ставовите, мислењата, заклучоците и останатите информации изразени во овој документ, не мора да го изразуваат ставот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), освен доколку не е експлицитно наведено дека ОБСЕ е автор на документот.