Ресурси
Докази и приговори: Домашни и меѓународни стандарди
Публикацијата за доказите и приговорите е комбинација од домашни и меѓународни најдобри практики. Таа е подготвена со цел да ги запознае искусните адвокати, обучени во континенталното право, со основните начела кои се однесуваат на доказите и доказните приговори. Публикацијата, достапна на македонски и англиски јазик, е проширена и со онлајн видео курс, подготвен од истиот автор, достапен на електронската платформа на регионалните адвокатски комори: www.brrln.org.
Оваа публикација е испечатена и дистрибуирана од страна на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, како дел од напорите за унапредување на владеењето на правото и за олеснување на постојаната надоградба на страните во кривичната постапка.
Ставовите, мислењата, заклучоците и останатите информации изразени во овој документ, не мора да го изразуваат ставот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), освен доколку не е експлицитно наведено дека ОБСЕ е автор на документот.