Прес-конференција на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР во четврток
Скопје, 30 март, 2016 г. – По повод официјалното отворање на Набљудувачката мисија за избори на Организацијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР) за набљудување на предвремените парламентарни избори во поранешната југословенска Република Македонија, закажани за 5 јуни, Мисијата ќе одржи прес-конференција во Скопје, во четврток.
Амбасадорот Јан Петерсен, шеф на Набљудувачката мисија за избори на ОБСЕ/ОДИХР, ќе ја претстави улогата на Мисијата и претстоечките активности. Назначувањето на Мисијата е на покана на властите.
Набљудувачката мисија за избори на ОБСЕ/ОДИХР и Мисијата на ОБСЕ во Скопје функционираат одделно и независно, согласно своите мандати.
Ги покануваме новинарите да присуствуваат на прес-конференцијата во 14:00 часот, во четврток, 31 март, во конгресната сала 2, во хотел „Александар Палас“, Бул. „8-ми Септември“ бр. 15, 1000, Скопје.
За дополнителни информации Ве молиме обратете се до Егор Тилпунов, медиумски аналитичар, кој работи во Набљудувачката мисија, на тел. +389 2 3222 558 (во канцеларијата во Скопје), на моб. +389 72 422 746, или на egor.tilpunov@odihr.mk
или
Томас Рајмер, портпарол на ОБСЕ/ОДИХР, на моб. +48 609 522 266 (во Варшава) или на thomas.rymer@odihr.pl