Вести
Меѓународните набљудувачи на вториот круг од локалните избори во Северна Македонија ќе одржат прес-конференција в понеделник
СКОПЈЕ 31 октомври 2025
Скопје, 31 октомври 2025 – Меѓународните набљудувачи на изборите од ОБСЕ - Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР) ќе одржат прес-конференција на која ќе ги презентираат своите наоди по вториот круг од локалните избори во Северна Македонија.
Што:
- Прес-конференција на меѓународната мисија за набљудување на избори на ОДИХР за вториот круг од локалните избори во Северна Македонија
- За оние кои нема да можат да присуствуваат, преносот во живо можете да го следите на следниот линк
Кој:
- Матео Мекачи, шеф на Мисијата за набљудување на изборите на ОДИХР
- Штефан Краузе, заменик шеф на Мисијата за набљудување на изборите на ОДИХР
Кога:
- 15:00 часот по локално време (GMT +1), 3 ноември 2025 година
Каде:
- Конференциска сала "Платинум 1" во DoubleTree by Hilton Skopje, Булевар АСНОМ 17, Скопје
Регистрација:
- Претходна регистрација не е потребна, но прашања ќе можат да поставуваат само претставници на медиумите
Ова набљудување на изборите е мисија на ОБСЕ - Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР), која вкупно брои 23 експерти и долгорочни набљудувачи на ОДИХР.
За повеќе информации, ве молиме контактирајте ја:
Катја Андруш, портпарол на ОДИХР: +48 609 522 266 или katya.andrusz@odihr.pl