Ресурси
Поддршка на изборните реформи во Западен Балкан
Канцеларијата на ОБСЕ за демократски
институции и човекови права (ОДИХР)
го спроведува проектот „Поддршка за
изборни реформи во Западен Балкан“
со цел да се поддржат институциите
и граѓанското општество во нивните
напори за спроведување на препораките
од набљудувачките мисии за време на
изборите. Проектот ги опфаќа областите
поврзани со институциите задолжени за
управување со изборите, регистрацијата
на гласачи, улогата и работата на
медиумите за време на изборни кампањи,
можноста на партиите и кандидатите
слободно да водат изборни кампањи,
и капацитетот и независноста на органите
за решавање изборни спорови.
Ставовите, мислењата, заклучоците и останатите информации изразени во овој документ, не мора да го изразуваат ставот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), освен доколку не е експлицитно наведено дека ОБСЕ е автор на документот.