ПОВИК ЗА АПЛИКАЦИИ Обука за градење на капацитети на Ромски граѓански организации и активисти во областа човековите права, методи на мобилизација и учество во јавниот и политичкиот живот
Кога
Каде
Организирано од
Контакт Точката за Ромите и Синтите при Канцеларијата на ОБСЕ за Демократски Институции и Човекови Права (ОБСЕ/ОДИХР) спроведува проект насочен кон зајакнување и градење на капацитетите на поединци Роми и членови на Ромски граѓански организации во областа на човековите права, методите на мобилизација и учество во јавниот и политичкиот живот. Како дел од овој проект, ОДИХР отвора јавен повик за аплицирање на четири-дневна онлајн обука за 20 учесници Роми од Република Северна Македонија.
За обуката
Целта на оваа обука е да ги зајакне и изгради капацитетите на Роми/ки преку запознавање со концептите на човековите права, како и граѓанските, политичките, економските, социјалните и културните права. Обуката ќе ги изгради и знаењата на учесниците за учество во јавниот и политичкиот живот, методи за активно учество, методи за мобилизација /вклучување на заедницата, како и застапување и сродни концепти. Како дел од обуката, избраните учесници ќе развијат акциони планови за заедницата насочени кон решавање на проблемите во нивните заедници. ОДИХР може да биде во позиција да поддржи реализација на избрани акциони планови за заедницата и да обезбеди менторство засновано врз идентификувани потреби.
За кого е оваа обука?
Обуката е дизајнирана за Роми/ки кои доаѓаат од или живеат во градови/општини каде има значително население на Роми/ки, градови/општини кои до ограничен степен имаат развиени активности во областа на човекови права, методи на мобилизација и учество во јавниот и политичкиот живот и/или добиле умерена поддршка од граѓански организации. Во тој поглед, ОДИХР особено ги охрабрува Ромите/ките кои доаѓаат од градовите/општините Берово, Виница, Дебар, Кичево, Шуто Оризари и Топаана (Чаир и Центар) во Скопје, да се пријават за оваа обука. Додека предност ќе имаат пред се кандидатите кои доаѓаат од овие места, повикот е отворен за Роми/ки од цела Република Северна Македонија.
Апликантите за оваа обука, треба да имаат добро познавање за состојбата на Ромите на локално ниво, проблемите кои ги засегаат тие населени места и да бидат мотивирани да се вклучат во процес со нивните заедници за решавање на проблемите преку мобилизација и соработка со локалните власти. Апликантите треба да имаат основно разбирање на принципите за човекови права и учеството во јавниот и политичкиот живот. Апликации од Ромски активисти и Роми кои работат во различни граѓански организации се добредојдени, доколку се активни на локално ниво.
Во текот на обуката, учесниците ќе развијат и акциони планови за заедницата насочени кон решавање на идентификуваните проблеми на локално ниво, а на кои може да работат по обуката, во дијалог и соработка со локалните власти.
ОДИХР ги разгледува следниве критериуми при избор на учесници:
- Поединци Роми кои доаѓаат од или живеат во горенаведените целни градови/општини;
- Основно разбирање на принципи на човекови права, учество во јавниот и политичкиот живот и застапувањето;
- Добро познавање на состојбата со Ромите/ките на локално ниво и проблемите во нив;
- Интерес за градење на нивните капацитети на темите за човекови права, методи на мобилизација на заедницата и учество во јавниот и политичкиот живот;
- Капацитет и интерес за соработка со други членови од заедницата на локално ниво, индивидуално или преку Ромски граѓански организации;
- Достапност за активно учество при целото времетраење на обуката;
- Основни компјутерски вештини.
При изборот на учесници, ОДИХР ќе посвети особено внимание на родовата застапеност меѓу учесниците, застапеноста на активистите за правата на жените Ромки и учесници од различни возрасни групи, вклучувајќи и млади Роми/ки.
Избраните учесници ќе бидат известени од ОДИХР помеѓу 28 и 30 април 2021 година. ОДИХР нема да ги информира апликантите кои не биле избрани за оваа обука.
Заинтересираните Ромски лица кои одговараат на горе наведениот профил се добредојдени да ја достават својата апликација до 22 април 2021 година со пополнување на онлајн формулар за апликација и доколку е можно прикачување на кратка биографија (CV)/резиме преку следниот линк https://app.smartsheet.com/b/form/30a5e37253664790b745de3539a63ee8
Прашања?
Доколку имате било какви прашања, контактирајте го Јашар Јашаров, Програмски Офицер на: Jashar.Jasharov@odihr.pl