Напредок на денот на изборите, но некои проблеми остануваат, велат набљудувачите во Скопје
Скопје, 6 април 2009 – Вториот круг на претседателските и локалните избори во поранешната југословенска Република Македонија кој се одржа во неделата ги исполни повеќето заложби и стандарди на ОБСЕ и Советот на Европа за демократски избори, иако некои прашања идентификувани во првиот круг, вклучувајќи веродостојни известувања за заплашување, беа од зголемена загриженост, рекоа меѓународните набљудувачи на изборите во изјавата објавена денес.
“Задоволни сме што видовме мирна средина и добро организиран изборен ден, иако некои аспекти од кампањата сериозно го намалија квалитетот на изборниот процес,” рече Питер Ајкер, Шеф на ОБСЕ/ОДИХР Мисија за набљудување на избори.
“Процесот на гласање беше значително подобрен од парламентарните избори во 2008,” рече Јорген Пулсен, член на Парламентарното Собрание на Советот на Европа. “Претседателот и партијата која има мнозинство сега треба да се носат со одговорноста да создадат политички процес кој е сеопфатен и да се справат со останатите нерешени прашања од изборниот процес.”
Во предизборниот период на вториот круг, повеќето кандидати и партии ја изразија својата заложба за обезбедување мирни и демокаратски избори. И покрај одредени тензии, особено во тесните трки за градоначалник, состојбата остана мирна во текот на целата кампања. Сепак, извештаите за притисоци и заплашување на гласачи продолжија да ја засенуваат генерално добрата оценка на мисија за набљудување на изборите.
Процесот на гласање помина добро, иако имаше одредени процедурални нерегуларности. Проблемот на семејно гласање остана иако беше намален во вториот круг. Понискиот процент на излезност за претседателските избори претставуваше опасност дека потребните 40 отсто излезност може да доведе до неуспешни избори во иднина, особено кога е во комбинација со проблемите со избирачкиот список.
Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОБСЕ/ОДИХР), која за вториот круг од изборите распореди 170 набљудувачи од 30 земји, (вклучувајќи 40 догорочни набљудувачи и аналитичари и 132 краткорочни набљудувачи), објави заедничка изјава со Парламентарното Собрание на Советот на Европа, кое го назначи Јорген Пулсен да го претставува Сообранието во вториот круг од претседателските избори.
За подетални информации контактирајте со:
• Thomas Rymer, OSCE/ODIHR, mobile: (+48 609 522 266); or Mr. Drew Hyslop, OSCE/ODIHR Election Adviser, in Warsaw (+48 22 520 0600);
• Artemy Karpenko, Parliamentary Assembly of the Council of Europe, mobile: (+33 671 152 911).