Skip Links

Услови на користење на социјалните медиуми на ОБСЕ

Терминологија

Терминот " страниците на социјалните медиуми " во овој текст се однесува на официјалните профили на ОБСЕ на социјалните медиумски канали и социјалните мрежи, вклучувајќи, но не само, Фејсбук, Твитер, Јутјуб, Гугл +, Инстаграм, СаундКлауд.

Намена

Целта на страниците на социјалните медиуми на ОБСЕ е да допрат до публиката во регионот на ОБСЕ и надвор од него, информирајќи за работата и активностите на ОБСЕ во целиот свет. За локални настани и активности, ве молиме следете ги локалните мисии на социјалните мрежи и на интернет страницата на ОБСЕ.

Политика на приватност

Со користењето или пристапот до социјалните медиуми и оваа страница, вие ги прифаќате практиките опишани во делот Политика на приватност на соодветните социјални медиумски канали. Повеќе информации за политиките на приватност на соодветните социјални медиуми:

Безбедност

Учеството на страниците на социјалните медиуми на ОБСЕ е на доброволна основа. Вие сте одговорни за тајноста на вашата шифра и целосно сте одговорни за сите активности по вашето најавување. Се согласувате(а) веднаш да ги известите соодветните социјални медиуми за секое неовластено користење на вашиот идентитет или кое било друго нарушување на безбедноста, и (б) внимавате дека по секоја сесија ќе се одјавите. ОБСЕ не може и нема да биде одговорен за каква било загуба или штета како последица на вашето не следење на овие препораки.

Однесување на корисниците:

Свесни сте дека за сите информации, податоци, пораки и останати содржини, објавени јавно или пренесени приватно, одговара личноста од која потекнува таа содржина. Тоа значи дека вие, а не Мисијата на ОБСЕ во Скопје, сте целосно одговорни за сите содржини кои ги објавувате, испраќате на и-мејл или на кој било друг начин ги правите достапни на страниците на социјалните медиуми на ОБСЕ. ОБСЕ не ги контролира кориснички генерираните содржини од корисниците испратени, освен како што е опишано подолу, и не гарантира за точноста, интегритетот или квалитетот на таквата содржина. Свесни сте дека со користење на страниците на социјалните медиуми на ОБСЕ, може да бидете изложени на содржина која е навредлива, непристојна или непожелна. ОБСЕ нема да одговара под никакви околности и на каков било начин за која било содржина, вклучувајќи, но и не само тоа, грешки или пропусти во која било содржина или за каква било загуба или штета од каков било вид, кои се јавуваат како резултат на употреба на објавена содржина испратена по и-мејл, пренесена или на достапна на некој друг начин преку страниците на социјалните медиуми на ОБСЕ.   Се согласувате да не ги користите страниците на социјалните медиуми на ОБСЕ за:
  • да објавувате, испраќате по и-мејл или пренесувате на друг начин содржини кои се незаконски, штетни, заканувачки, навредливи, малтретирачки, извртени, клеветнички, вулгарни, неприлични, ја загрозуваат приватноста на другите, шират омраза, или се спорни на основа на раса, етничка припадност или на некој друг начин;
  • да го нарушите нормалниот тек на дијалогот или на друг начин негативно влијаете врз дискусијата на останатите;
  • да наштетите на малолетници на кој било начин;
  • да се преправате дека сте некој друг;
  • да испраќате по пошта, и-мејл, да пренесувате или на друг начин ставите на располагање содржина за која немате право да ја споделите според кој било закон кој закон или договор за поверенички односи (како што се внатрешни информации, комерцијални и доверливи информации за кои сте дознале за време на работниот однос или при доверливи договори);
  • да испраќате по пошта, и-мејл, да пренесувате или на друг начин ставите на располагање содржина со кој се прекршува патентиран производ, трговска тајна, авторски права или други сопственички права ("права") на која било страна;
  • да испраќате по пошта, и-мејл, да пренесувате или на друг начин ставите на располагање несакано или неовластено рекламирање, промотивни материјали, „несакана пошта", "спам", "верижни писма", "пирамидални шеми", или која било друга форма на покана;
  • да испраќате по пошта, и-мејл, да пренесувате или на друг начин ставите на располагање материјали кои содржат вируси или било кој друг компјутерски код, фајлови или програми дизајнирани го уништат или ограничат функционирањето на компјутерскиот софтвер или хардвер или телекомуникациската опрема;
  • да ставате лажни заглавија или на друг начин манипулирате со идентификаторите со цел да го прикриете потеклото на која било содржина пренесена преку страницата;
  • намерно или ненамерно да ги кршите локалните, државните, националните или меѓународните закони;
  • да следите или на друг начин вознемирувате некого; или
  • да собирате или складирате лични податоци за други корисници.
Прифаќате дека ОБСЕ претходно не ги проверува содржините поставени од корисниците, но ОБСЕ и назначените од ОБСЕ, имаат право, (но не и обврска) да ги уредуваат, бришат, одбијат или преместат содржините кои се наоѓаат на страниците на социјалните медиуми на ОБСЕ. Без ограничување на горенаведеното, ОБСЕ и назначените од ОБСЕ ќе имаат право да ја отстранат секоја содржина од корисниците која ги крши правилата на користење или е спорна. Се согласувате дека мора да се проценува, и со тоа да се преземете ризикот кој доаѓа со тоа, употребата на содржината од корисниците, вклучувајќи и поврзаност со точноста, комплетноста или корисноста на таквата содржина.   Прифаќате дека ОБСЕ претходно не ги проверува содржините поставени од корисниците, но ОБСЕ и назначените од ОБСЕ, имаат право, (но не и обврска) да ги уредуваат, бришат, одбијат или преместат содржините кои се наоѓаат на страниците на социјалните медиуми на ОБСЕ. Без ограничување на горенаведеното, ОБСЕ и назначените од ОБСЕ ќе имаат право да ја отстранат секоја содржина од корисниците која ги крши правилата на користење или е спорна. Се согласувате дека мора да се проценува, и со тоа да се преземете ризикот кој доаѓа со тоа, употребата на содржината од корисниците, вклучувајќи и поврзаност со точноста, комплетноста или корисноста на таквата содржина.   Свесни сте дека техничката обработка и пренос на страниците на социјалните медиуми на ОБСЕ, вклучувајќи ја и вашата содржина, може да вклучува (а) пренос преку различни мрежи; и (б) промена за да се прилагоди на техничките барања за поврзување на мрежи или уреди.

Посебни предупредувања за меѓународна употреба

Препознавајќи ја глобалната природа на интернетот, вие се согласувате да ги почитувате сите локални правила во однос на однесувањето онлајн и објавувањето содржина која е прифатлива. Конкретно, се согласувате да ги почитувате сите закони кои се однесуваат на преносот на технички податоци во земјата во која живеете. 

Содржини доставени или достапни за поставување на страниците

ОБСЕ не бара да ја има сопственоста на содржините кои ќе ги доставите или ќе ги направите достапни за поставување на страниците на социјалните медиуми на ОБСЕ. ОБСЕ ќе има сопственост само на содржините креирани од страна на ОБСЕ за вклучување на страниците на социјалните медиуми на ОБСЕ. Организацијата не презема одговорност за вклучување на линкови од трети страни или друга содржина од трети страни, како на пример статии.

Обесштетување

Се согласувате на компенззација и да го ослободите ОБСЕ, неговите соработници, службеници, агенти, корисници на грантови или други партнери и вработени, од какво било побарување, вклучувајќи и адвокатски такси, направени од страна на трета страна заради содржина која сте ја поднеле, објавиле, пренеле или сте ја направиле достапна на страниците на социјалните медиуми на ОБСЕ, вашето користење на страниците, вашата врска со страниците, прекршувањето на условите на користење или прекршување на правата на другите.

Општи практики во однос на употребата и складирањето

Прифаќате дека ОБСЕ може да воспостави општи практики и ограничувања во врска со користењето на страниците на социјалните медиуми на ОБСЕ, вклучувајќи го и максималниот број на денови една порака или содржина ќе се задржи на страницата, како и максималниот број на пати (и максималното времетраење) да влезете на страницата во даден период. Вие се согласувате дека ОБСЕ нема одговорност за бришење или за не зачувување на некои пораки и останата комуникација или друга содржина на страниците на социјалните медиуми на ОБСЕ или пренесена преку нив. Понатаму прифаќате дека ОБСЕ го задржува правото за промена на овие општи практики и ограничувања во секое време.

Модификации на услуга

ОБСЕ го задржува правото да ги менува или прекине, привремено или постојано страниците на социјалните медиуми на ОБСЕ (или некој нејзин дел). Вие се согласувате дека ОБСЕ нема да биде одговорно кон вас или било која трета страна за каква било промена, суспендирање или прекин на страниците.

Прекин

Се согласувате дека ОБСЕ, има дискреционо право да го прекине вашиот пристап до страниците, и да отстрани или отфрли содржина од страницата, поради каква било причина, поради не користење или доколку ОБСЕ смета дека сте прекршиле или не сте го почитувале писмото или духот на правилата на користење. ОБСЕ, исто така, може по сопствено убедување и во секое време да го прекине организирањето на страниците или на некој нејзин дел. Се согласувате дека престанокот на вашиот пристап до страниците поради некоја од одредбите на правилата на однесување, може да се врши без претходна најава, а прифаќате дека ОБСЕ може веднаш да го прекине вашиот пристап до страниците. Понатаму, вие се согласувате дека ОБСЕ нема да биде одговорно кон вас или која било трета страна за престанок на вашиот пристап до страниците на социјалните медиуми на ОБСЕ.

Линкови

Страниците на социјалните медиуми на ОБСЕ може да постават, или трети страни може да постават, линкови до други веб страници или ресурси. Прифаќате и се согласувате дека ОБСЕ не е одговорно за достапноста на таквите надворешни страници или ресурси, и не го поддржува или не е одговорно за каква било содржина, реклама, производ или други материјали достапни од таквите страници или ресурси. Понатаму, се согласувате дека ОБСЕ не е одговорен или обврзан, директно или индиректно, за каква било штета или загуба предизвикана или наводно предизвикана од или во врска со користењето на или потпирање на каква било содржина, стоки или услуги достапни на или преку такви сајтови или ресурси. Социјалните медиуми може да содржат и линкови до други веб страници. ОБСЕ не е одговорно за политиките на приватност на другите веб страници. Ве советуваме да ги прочитате политиките на приватност на другите страници кога ќе ја напуштите нашата страница. Оваа Политика на приватност се однесува само на информациите собрани од страна на социјалните медиуми, каде ОБСЕ е активен.

Англиски јазик

Со цел да се осигура дека корисниците ќе се придржуваат до правилата на користење, јазикот на страниците на социјалните медиуми на ОБСЕ е англискиот. Постои можност, ОБСЕ или назначените од ОБСЕ, да не можат да одговорат на содржини кои се објавени на други јазици освен на англиски.

Услови на користење, известувања и менувања

Ние го задржуваме правото, во секое време да ја промениме нашата политика на приватност и нашите услови на користење. Имајте го ова предвид за да ја разберете сегашната наша политика на приватност.

Контакт со ОБСЕ

Ако имате какви било прашања во врска со оваа политика на приватност, ве молиме контактирајте одговорниот на соодветната страница на социјален медиум на ОБСЕ.