Мисија на ОБСЕ во Скопје
Родова еднаквост
Мисијата придонесе за поставување и подобрување на законодавната и институционалната рамка во земјата на полето на родовата еднаквост и недискриминација. Таа ѝ помогна на Владата и во подготовка на Законот за еднакви можности помеѓу жените и мажите. Мисијата, исто така, иницира дебати за родовата интеграција и го поддржува градењето на капацитетите за воспоставување женска менторска мрежа за Националниот совет за родова рамноправност.